Како емпатијата може негативно да влијае врз вашето ментално здравје?
Луѓето со емпатија поседуваат исклучителна способност да ги чувствуваат емоциите и енергиите на луѓето околу нив. Сепак, оваа извонредна особина може да биде и товар, бидејќи може да им влијае на емоционалната, менталната и физичката благосостојба. Еве на кој начин емпатијата може негативно да ви влијае врз менталното здравје.
1. Се чувствувате емотивно исцрпени и преоптоварени
Постојано сте изложени на низа емоции, а тоа може да има значителен ефект врз вашето ментално и емоционално здравје. Имате тенденција да ги апсорбирате емоциите на оние околу вас, а тоа може да придонесе да се чувствувате исцрпени и ранливи.
2. Доживувате хронична физичка болка
Зголемената чувствителност може да се претвори во хронична физичка болка која е резултат на акумулацијата на негативната енергија во вашето тело.
3. Се справувате со несоница
Вашата чувствителна природа може да ве спречи да го исклучите вашиот ум и да се опуштите, што резултира со непроспиени ноќи и несоница. Не заборавајте дека несоницата може да има значително влијание врз вашата целокупна благосостојба бидејќи може да доведе до зголемена анксиозност, депресија и физички замор.
4. Имате тешкотии да поставите граници
Се борите со поставување на граници, бидејќи често им давате приоритет на потребите на другите пред вашите. Така, честопати велите „да“, дури и ако тоа значи жртвување на сопствената благосостојба и среќа.
5. Не можете да се ослободите од негативните емоции
Еден од главните знаци на негативното влијание на емпатијата е тоа што тешко можете да се ослободите од негативните емоции и енергии, а тоа може да доведе до претерано размислување и емоционална вознемиреност.
Откако прочитавте на кој начин емпатијата може да влијае врз вашето ментално здравје, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 знаци укажуваат дека имате натпросечна емпатија.
Извор: themindsjournal.com