Како емоционалното запоставување во детството предизвикува депресија подоцна во животот?

Како емоционалното запоставување во детството предизвикува депресија подоцна во животот?

Вашите емоции се најдлабокиот личен биолошки дел од вас. Тие се вашиот најголем извор на сила и способност за справување. Многу луѓе минуваат децении од животот целосно несвесни дека нешто им недостасува. Можеби забележуваат дека другите имаат поисполнет живот и можеби чувствуваат дека нешто не е во ред.

Како емоционалното запоставување во детството предизвикува депресија подоцна во животот?

Но тие се интелигентни и компетентни, па сè е во ред. Го прават она што се очекува од нив и го овозможуваат она што е потребно. Не се свесни дека се поранливи на животните предизвици за разлика од другите луѓе.

Ова се случува сè додека не им се промени работното место, нивното дете има сериозен проблем или не почине некој што им е драг. Можеби имаат проблеми во бракот, или некој ги одбил. Без разлика која е причината, се случило нешто што ги тргнало од нивниот пат.

Тогаш почнуваат да се мачат и чувствуваат дека можеби нивниот проблем отишол предалеку и откриваат дека се во депресија. Се прашуваат зошто им е толку тешко, како завршиле овде и зошто не можат да бидат поотпорни.

Можеби ако добивале доволно емоционално внимание во детството би имале пристап до нивните емоции на начин што им е од помош. Можеби ако нивните родители забележале што чувствувале како деца, и самите ќе можеле да го прават тоа.

Растењето во дом каде што на чувствата не им се придава големо значење има лошо влијание на детето во развој. Поради ова детето е посклоно кон депресија во текот на животот и засекогаш ќе се обвинува самото.

Ако сте пораснале во семејство без емоционална поддршка од родителите, најверојатно сте го правеле она што го прават сите деца – автоматски сте ги потиснувале вашите емоции. Ова можеби функционирало во текот на детството, но сега кога сте возрасни потребен ви е здрав пристап до вашите емоции. Ова запоставување предизвикува депресија кај возрасните на неколку начини.

1. Вашите емоции се потиснати

Бидејќи сте ги потиснувале емоциите како дете за да се справите со животот во домот од детството, сега ви недостасува пристап до богат, мотивирачки и стимулирачки систем.

2. Сте го испуштиле емоционалниот тренинг

Вие сте пораснале во зона без емоции. Никој не ве научил како да ги идентификувате, искажете или како да се справите со вашите емоции.

3. Се чувствувате како да сте сами на светот

Кога никој не забележува што чувствувате како дете и кога не постои одговор на вашите емоции, вие учите дека не можете да се потпрете на другите.

4. Го насочувате гневот кон вас

Гневот може да биде навистина корисна емоција, но само ако знаете како да го користите. Вашиот гнев не бил прифаќан кога сте биле дете и ако не ве научиле како да го користите, постои ризик да го свртите кон вас.

5. Чувствувате срам

Бидејќи вашите емоции биле запоставувани, пораката што ја носат тие или не е важна или е лоша па чувствувате срам. Но, не можете да живеете без емоции.

За среќа, кога ќе ги дознаете и разберете ефектите на емоционалната запоставеност во детството, можете сами да се справите со проблемот. На овој начин не само што ќе ја намалите склоноста кон депресија, туку ќе подобрите многу делови од вашиот живот.

1. Почнете да работите на проблемот

Можете да го срушите ѕидот зад кој сте ги криеле вашите емоции во детството. Ќе почнете да чувствувате разновидни емоции. Ќе научите да го користите гневот на здрав начин. Ќе ги научите емоционалните вештини што сте ги испуштиле.

2. Прифатете дека чувствата ви се пријатели

Вашите емоции се извор на живост и богатство. Без нив живеете во сив свет без боите што ги искусуваат другите. Кога ќе ги „вратите“ вашите емоции и кога ќе научите да ги користите, ќе се поврзете и одново ќе се родите.

3. Побарајте помош

Вие сте научени сами да се справувате со сè. Но потребно е да се отворите кон светот. Колку повеќе луѓе има покрај вас, толку помалку осамено ќе се чувствувате.

Прочитајте нешто повеќе за знаците на депресија што не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар