Како едноставната организација може да ви заштеди многу пари?

Како едноставната организација може да ви заштеди многу пари?

Сигурно би рекле дека организацијата е досадна или дека попрво би читале факти за пиво. Тоа е сосема нормално. Но, еве што е проблемот: неорганизираноста ве чини многу пари. А тие пари можете да ги потрошите на пиво. Исто како што перењето долна облека пред да одите на работа не е баш интересно, но чистата долна облека ќе ви помогне да правите други интересни работи.

(0)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mk

Лесно може да кажете организација наместо штедење. Толку лесно што всушност сигурно не сте ни помислиле на овие нешта.

Планирајте ги вашите оброци

Возрасни сте. Сигурно веќе сте забележале дека повеќе трошите на непотребни намирници во супермаркет ако немате претходно подготвена листа. Планирајте ги вашите оброци за да заштедите 50 проценти од трошоците, искористувајте ги попустите и намалете со навиката „Нема врска, ќе порачам пица“. Почнете со листа од 10 оброци кои знаете да ги зготвите. Не грижете се, се важат и макароните со сирење. Со помош на листата направете план за следните две недели. Бонус е ако направите повеќе отколку што можете да изедете при еден оброк.

(1)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mk

Организирајте ги вашите алати

Брзо прашање: Колку пати во текот на изминатата година сте купиле нешто што веќе го имате, но не сте можеле да го најдете кога ви требало? Ако одговорот е повеќе од два, еве зошто организирањето на алатите ви заштедува пари.

Најдете место да ги складирате вашите работи. Најдете место на вашето биро за канцелариските, уметничките или занаетчиските алатки, најдете место во плакарот за опремата за брза помош, а во гаражата или подрумот најдете место за сѐ останато. Организирајте ги уште подетално кога ќе имате време. На тој начин, нема да трчате до продавница секогаш кога ќе ви треба чекан или лепило.

(2)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mk

Сакате да бидете уште потемелни? Соработувајте со вашите пријатели и направете заеднички простор за алатите. Во едно друштво од неколку пријатели не е потребна повеќе од една електрична пила за дрва. На тој начин секогаш ќе можете да го најдете потребниот алат на вистинското место.

Исчистете го фрижидерот

Тешко дека марулата во фиоката од фрижидерот на која се создава колонија од бактерии може да ја искористите за салата. Исчистете го фрижидерот пред да одите во шопинг и од продуктите на кои им изминува рокот направете вкусен и невообичаен оброк. Облечете скафандер за ловење духови и исчистете ги сите форми на живот кои се создале внатре. Сликајте го фрижидерот кога ќе завршите. Така треба да изгледа фрижидерот секоја недела пред да одите во супермаркет.

(0)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza

Одржувајте го вашиот автомобил

2.000 денари за редовен сервис оваа година значат заштеда од 20.000 денари за поправки кои ќе треба да ги потрошите следната година. Исто така добро напумпаните гуми значат заштеда на стотици денари бензин во едно лето, а не мора да потрошите ниту еден денар за да ги напумпате гумите како што треба.

(3)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар