Како е да се биде мечтател во овој суров свет?

Како е да се биде мечтател во овој суров свет?

Воопшто не е лесно да се биде мечтател во овој свет. Така, вашата безгрижност ќе биде критикувана, а вашите идеологии ќе бидат доведени во прашање. Вашата енергија ќе биде погрешно разбрана. Ќе ве доживуваат како сонувач кој е наивен по природа.

Како е да се биде мечтател во овој суров свет?

Ќе сметаат дека сте во заблуда бидејќи верувате во позитивните аспекти на светот. Вашите мислења ќе бидат земени здраво за готово од страна на оние кои најмногу ги почитувате. Ќе ве третираат како некој кој е незрел, некој кој сè уште не ја доживеал реалноста на животот. Вашите сфаќања за животот ќе наидат на сожалување и смеа.

Но, продолжете да сонувате и да мечтаете. Како луѓе, ние мора да сонуваме. Мора да ги одржуваме живи нашите страсти бидејќи само на тој начин можеме да ја почувствуваме магијата на животот. Да, не можеме да ја негираме реалноста. Да, мора да бидеме реални. Но, многумина се обидуваат да нè обесхрабрат бидејќи тие самите не сонуваат или се откажале од своите соништа пред многу години.

Сепак, не заборавајте дека вашата задача е да го правите она во кое вие верувате и кое можеби нив ги плаши. Верувајте во себе така што вашата самодоверба ќе стане непоколеблива затоа што да се биде мечтател во овој суров свет е навистина тешко.

Веројатно секогаш кога ќе почнете со ново хоби ќе бидете полни со сомнежи, веројатно вашата амбиција ќе се соочува со ризикот да избледне како резултат на истите тие сомнежи. Уште поверојатно е дека другите ќе се обидат да ве убедат да ги оставите грандиозните очекувања и да ја прифатите вистината со изговорот дека е подобро да се откажете отколку да доживеете разочарување.

Можеби нема постојано да го постигнувате она што го посакувате, а тоа е сосема во ред. Но, сè додека не престанувате да го слушате внатрешниот глас на мечтателот, секогаш ќе ја носите магијата со себе.

Откако прочитавте за мечтаењето во современиот суров свет, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги остварите вашите соништа дури и ако сметате дека се „невозможни“.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар