Како држењето на јазикот може да го промени вашето лице?

Како држењето на јазикот може да го промени вашето лице?

Подбрадокот се формира како резултат на генетиката, стареењето и зголемувањето на телесната тежина. Но, има и друга причина: неправилно држење на јазикот. Сепак, добрата вест е што можете да се ослободите од оваа физичка карактеристика. Помладите луѓе што имаат затегната кожа, можат значително да ги подобрат контурите на лицето по отстранувањето на мрснотиите.

Како држењето на јазикот може да го промени вашето лице?

Она што се нарекува подбрадок е „изобилството“ што се формира под брадата. Сите ние имаме малку мрснотии и тоа е нормално. Сепак, мускулот платизма, кој го поврзува вратот со брадата, може да попушти. Во овој случај, може да се акумулираат повеќе мрснотии, предизвикувајќи појава на подбрадок. Ова масно ткиво што се формира над платизмата под брадата се нарекува „претплатизмална маст“ и тоа е она што создава подбрадок.

Лошото држење на јазикот го олабавува мускулот и почнува да се формира двојна брада. Специјалистите велат дека ако научиме како правилно да го поставувате јазикот, може да се ослободите од двојната брада и да ја подобрите вилицата. Тоа се случува затоа што правилната положба на јазикот ја држи целата структура на лицето.

Правилното држење значи вашиот јазик секогаш да биде потпрен на горниот дел од устата, вклучително и на долната третина. Може да научите правилно да го поставувате јазикот во усната шуплина ако ги правите овие неколку вежби и ако на почетокот правилно го одморате јазикот, а потоа ќе се навикнете на тоа.

Вежба 1

Како држењето на јазикот може да го промени вашето лице?

1. Ставете го врвот на јазикот на горниот дел на усната шуплина, веднаш зад горните заби и притиснете го на тврдото непце.

2. Повлечете го остатокот од јазикот рамно на горниот дел на усната шуплина.

3. Затворете ја устата и дишете нормално и обидете се да го држите јазикот во оваа положба во секое време.

Вежба 2

Како држењето на јазикот може да го промени вашето лице?

Ако не можете да ја направите претходната вежба, пробајте ја следнава:

1. Изговорете го гласот „Н“. Додека го изговарате, задржете го. Положбата на јазикот што ја имате во тој момент е правилната положба.

2. Цицајте го задниот дел од јазикот на непцето.

3. Вршете одреден притисок во задниот дел на јазикот и движете го нагоре.

4. Јазикот нека биде таму постојано – ова е правилното држење. Кога ќе заборавите како да го направите тоа, изговорете го гласот „Н“ повторно.

Вежба 3

Како држењето на јазикот може да го промени вашето лице?

1. Земете голема гума за џвакање и почнете да ја ширите низ целиот горен дел на усната шуплина.

2. Започнете со задниот дел на забите и раширете ја наназад колку што може да влезе внатре.

3. Кога ќе завршите, можете повторно да ја џвакате, а потоа да го повторите целиот процес на ширење.

Прочитајте што е „суши лице“ и како да го избегнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар