Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Ако мажите беа од Марс, а жените од Венера, тоа би можело да објасни неколку општопознати стереотипни сфаќања за машко-женското пријателство. Повеќето луѓе на оваа тема би рекле:

  • Секогаш помеѓу нив се појавува сексуална тензија која придонесува тие да не можат да бидат вистински пријатели;
  • Љубомората која се јавува кај нејзиниот/неговата партнер/ка ги надминува сите рационални размислувања и прави да биде невозможно тие да продолжат да бидат пријатели;
  • Очигледните разлики помеѓу двата пола едноставно ги разделуваат кога станува збор за пријателство.

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?Кога ќе ги земете предвид овие неколку ситуации, си велите дека пријателството помеѓу машко и женско е невозможно, нели? Доколку мислите така, грешите. Експертите за врски имаат поразлично мислење.

„Верувањето дека мажите и жените не можат да бидат пријатели доаѓа од друга ера во која жените припаѓале во домот, а мажите на работа и единствениот начин нивниот пат да се вкрсти, била романсата“, објаснува Линда Сападин – психолог од Вали Стрим, Њујорк. „Денес мажите и жените работат заедно, делат слични интереси за спорт и секојдневно се социјализираат.“

Промената во културата ги охрабри психолозите, социолозите и комуникациските експерти да состават нова порака:

„И покрај тоа што би можело да биде малку тешко, мажите и жените сепак успешно стануваат блиски пријатели. И секако, имаат добри причини за тоа.“

Овие предизвици најчесто се појавуваат кај новите пријателства. Доколку успеете да ги надминете во првите неколку години од вашето запознавање, понатаму тие нема да ви претставуваат проблем и ќе успеете да создадете цврст однос и стабилно пријателство помеѓу вас.

Предизвик бр. 1: Дефинирајте ја врската – пријатели или љубовници?

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Многупати се случува да започнеме пријателство со личност од спротивниот пол само од една причина – да го освоиме неговото/нејзиното срце. Но доколку тоа не е случајот со вас, треба да знаете неколку работи поврзани со чувствата. Постојат романтични, сексуални и пријателски чувства кои некогаш многу тешко се разликуваат. Многу луѓе се однесуваат со спротивниот пол на стереотипен начин и доколку се појави „пријателското привлекување“ тие погрешно го сфаќаат.  Најдобро би било уште на почетокот да разговарате со вашиот пријател/ка за очекувањата поврзани со вашиот однос. Доколку и двајцата имате исто мислење, тргнати сте во добра насока.

Предизвик бр. 2: Надминете ја привлечноста – разговарајте за секс

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Можноста да се појави сексуалната привлечност помеѓу вас секогаш „демне“ во позадина. Обична, платонска прегратка може наеднаш да премине во нешто сосема различно. „Вие пробувате да направите нешто пријателско, но машките/женските делови од телото ви го попречуваат патот“, вели д-р Дон Оумира. И покрај тоа што често е непосакувана, привлечноста е тешко да се игнорира.

Истражувањата покажуваат дека најголем проблем на жените во овој вид пријателство им е сексуалната тензија, додека пак поголемиот број од мажите велеле дека сексуалната тензија е причината поради која го започнале пријателството и сметаат дека таа може дури и да го продлабочи пријателството. Надминете ги овие непријатни ситуации така што ќе бидете искрени помеѓу себе за нив.

Предизвик бр. 3: Воспоставете еднаквост – игра на моќ

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Пријателството би требало да е комбинација од еднакви. Но, д-р Дон Оумира вели:

„Во културите каде што постои машка доминација, престижот и моќта претставуваат „багаж“ за двата пола – кога тогаш ќе настане растурање на врската“.

За да го избегнат ова, жените понекогаш несвесно присвојуваат покорна улога во пријателството. Пробајте да најдете некаков вид рамнотежа во вашиот однос. Тоа се постигнува на тој начин што нема да гледате на вашиот пријател/ка како на маж/жена, туку едноставно како на блиска личност со која моментално одлично се согласувате.

Предизвик бр. 4: Во очите на народот – справување со оние кои се сомневаат

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Голем број луѓе сѐ уште не се подготвени за пријателство помеѓу машко и женско кое нема никаква сексуална позадина. Оние кои имаат блиски пријатели од спротивниот пол, често ги гледаат со насмевки, намигнување и скептицизам прашувајќи постојано дали тие навистина се само пријатели и потоа го игнорираат дадениот одговор.

Понекогаш притисокот од луѓето околу вас придонесува да се запрашате да не можеби не сте во право, да не се развиле други чувства и дека можеби би требало да го смените односот со својот пријател/ка за да ги исполните очекувањата на другите. Но, тоа не треба да биде причина за промена во вашиот однос. Бидете доследни на себе и со време и тие ќе го разберат вашето пријателство.

Предизвик бр. 5: Што ако… – победете ја љубопитноста

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

Тој/таа најдобро ме познава, тој/таа секогаш знае да ми го каже тоа што ми е потребно да го слушнам, само тој/таа никогаш не ме излажал, мислам дека би било/а совршено/а момче/девојка за мене… Ова се само неколку од мислите кои почнуваат да се појавуваат кога пријателството меѓу вас станува посериозно и подлабоко. Да, точно е дека вие сте се запознале одлично и дека се согласувате за сѐ, но тоа не е доволна причина за започнување на нешто ново. Вие можеби сте компатибилни како пријатели, но тоа не значи дека би можело да ви успее и како љубовен пар. Размислете како тој/таа се однесува во врска. Бидејќи сте блиски пријатели ги имате сите информации на дофат. Анализирајте ги убаво и размислете дали навистина сакате нешто повеќе, притоа не заборавајќи дека можеби тоа што го чувствувате, може да се само моментални интензивни пријателски емоции.

И за крај, истражувањата покажуваат дека кога една личност подолг период ја гледате како пријател, тој однос ви преминува во навика која подоцна е скоро невозможно да се промени. Бидете трпеливи и во брзо време ќе почнете да ги чувствувате многуте придобивки од овој вид пријателство.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар