Како до совршени есенски зачадени очи?
Оваа есен, како и секоја година, во тренд се зачадени очи. За разлика од претходните години, оваа во мода се зелените тонови. Ова е краток водич како во неколку чекори да се нашминкате совршено.1. На надворешниот дел од капакот на очите, нанесете металик зелено моливче и размачкајте го со прстите.
2. Преку целиот капак нанесете средно зелена сенка.3. На крајот на долниот капак и на линијата на долниот капак, со тенка четка нанесете темна сенка.
4. Во внатрешниот агол на окото и под долните трепки нанесете светло зелена сенка.5. Со црно моливче направете тенка линија над горните трепки и со мала цврста четкичка поминете преку линијата. Со четкичката поминете и на долниот капак за да го искористите моливчето кое останало на неа.
6. Нанесете маскара на горните и долните трепки.7. На образите нанесете руменило со што ќе им дадете природен сјај, а на усните розов кармин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.