Како до шик, а сепак спортски изглед? Најдобрите фризури за тренинг сесија!
Кога вежбате, најважна ви е ефективноста, но тоа не значи дека вашата коса не може да изгледа одлично. Сепак, имајте на ум дека фризурата која ќе ја одберете треба да ја оттргнува вашата коса настрана од очите, лицето, вратот и рамениците. Ако косата ви е врз лицето додека спортувате или вежбате таа може да ви смета, па дури и да ви наштети, а косата на вратот и рамениците може да се испоти и да се залепи на вашата кожа правејќи да се чувствувате неудобно.
Скоро сите девојки едноставно ја врзуваат косата во обично опавче кога вежбаат и забораваат на неа затоа што изгледот не ни е важен додека сме испотени и со црвено лице. Сепак, да, можно е да изгледаме убаво и кога вежбаме, или ако ништо повеќе, барем нашата коса може да биде средена, на модерен, но сепак практичен начин кој ќе ни овозможи да ја тргнеме од лицето и вратот, така што ќе изгледаме прекрасно и ќе чувствуваме голема самодоверба.
1. Балерина пунџа
Оваа фризура е елегантна и софистицирана, но таа е и практична за вежбање. Користете четка за да ја измазните и израмните косата притоа влечејќи ја кон средината на задниот дел од главата и поставете ја во центарот. Врзете коњско опавче, а потоа извртете ја косата околу опавчето така што ќе наликува на пунџа.
Осигурете се дека пунџата е добро прицврстена и избегнете штрчење така што ќе додадете серум за коса или гел кој ќе ги измазни влакната или перчињата коса. Фатете ја поцврсто со уште еден ластик за коса и користете шноли за максимално да ја прицврстите. За крај, употребете лак за коса.
2. Високо коњско опавче
Коњското опавче е забавно и изгледа спортски. Тоа се лула од една на страна на друга додека скокате и затоа ја подобрува позитивната енергија која тече низ вас. Слично како кај пунџата, користете четка за да ја затегнете косата во задниот дел од главата и подигнете ја во високо опавче. Иако е помалку сигурно од пунџата, коњското опавче сепак ќе ви ја одржи косата настрана од вратот и лицето.
3. Плетенка
Плетенките се најдобри фризури кога станува збор за спортскиот изглед, особено ако имате време за да ги направите да изгледаат како што треба. Уште подобро ако знаете да плетете француска плетенка. Она што е убаво кај ваквиот изглед е тоа што ја држи косата средена, но сепак изгледа модерно.
Можете да користите спреј за коса за да ја фиксирате. Исто така, може да си играте со овој изглед – да сплетете две плетенки, една плетенка, рибина коска или две плетенки кои продолжуваат во опавче или пунџа. Можностите се неограничени.
4. Патец на страна
Менувањето на патецот може драстично да го промени изгледот. Ако целите кон едноставно, ниско опавче, зошто не се одлучите за страничен патец наместо за оној на средина? Ова ќе ви даде одличен нов изглед и плус нема ништо лошо ако одвреме-навреме малку ги промените нештата.
5. Додатоци за коса
Секако дека спортското може да биде модерно. Чувствувајте се слободно да експериментирате со фризурите така што ќе додадете шарени марами, ластичиња или ленти за коса. Модерните ленти за коса или оние против пот се одличен начин да ги тргнете перчињата коса и потта од лицето и лесно можете да ги комбинирате со боите на вашата спортска опрема.