Како до подобра меморија?
5. Повторувајте за да запомните
Прочитајте една реченица, повторете ја неколку пати и пробајте да ја кажете без да гледате во текстот. Како продолжувате понатаму, трудете се новонаучената информација да ја поврзете со таа што веќе сте ја научиле. Правете го ова сè додека не запомните цел пасус и успеете да го кажете во целост. Не одете на наредниот, доколку видите дека претходниот не сте го усвоиле. Ова е визуелно учење, но доколку зборувате на глас, тогаш е одлично и за аудитивните типови.
6. Пишувајте од сеќавање
Сега кога веќе можете да запомните цели пасуси, напишете го тоа на лист хартија. Ова само ќе го зајакне сето она што сте го научиле и ќе ве направи да се чувствувате посигурни.
7. Пренесете го наученото
Постојат неколку начини на кои можете да го направите ова. Можете да го кажете наученото на некој кој ќе седи пред вас, а доколку не најдете таков, тогаш зборете пред огледалото, и објаснете сѐ, без некоја претходна подготовка. Но, доколку станува збор за некое јавно излагање, тогаш најдобро е да има некој пред вас, за да почувствувате како би било кога би го кажувале текстот пред публика.
Другиот начин е да направите тестови за други луѓе. Прочитајте ја лекцијата и обидете се да ги предвидите можните прашања. Користете прашања на заокружување, дополнување итн. при правењето на тестот и видете како другите ќе се снајдат. Вака ги вежбате и манипулирате со веќе научените концепти.
8. Редовно слушајте ги снимките
Додека чистите или пак возите автомобил, повторувајте си го наученото, така што повторно ќе си ги слушате вашите снимки. Ова е аудитивно учење, кое ќе го зајакне она што е складирано во краткотрајната меморија.
9. Направете пауза
За крај, одморете го мозокот. Земете кратка пауза, не мислете на она што сте го научиле и вратете се над книгата за кратко време. Секако, вака ќе дознаете што навистина сте научиле и тоа ќе ви помогне да се фокусирате на деловите кај што сте послаби.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.