Како да знаете дали имате стара душа?

Како да знаете дали имате стара душа?

Некои луѓе не се осамени или антисоцијални, туку едноставно имаат стара душа. Стари во срцето, стари во умот и душата. Луѓе кои многу поразлично и позрело гледаат на светот од останатите уште од рана возраст. Живеат мирно, ја следат интуицијата и се полни со емпатија спрема другите. Покрај овие, прочитајте ги и другите карактеристики кои ќе ви потврдат дека имате стара душа.

Како да знаете дали имате стара душа?

1. Размислувате премногу за сѐ. Секогаш се трудите да најдете подлабоко значење во сите персонални врски, среќавања со непознати луѓе и она што ве опкружува воопшто.

2. Уживате во самотијата и тоа време го користите за размислување за животот и сѐ што ви се случува. Постојано барате повисоко духовно разбирање на нештата и сте неверојатно интроспективни.

3. Отсекогаш сте биле презрели за годините. Во детските години сите ви кажувале колку сте пред својата генерација и веројатно повеќе сте уживале во разговорите со возрасните отколку во оние со врсниците. Тоа не значи дека не сте знаеле како да се забавувате како дете, туку дека сепак повеќе сте се пронаоѓале во размислувањата на поголемите од вас.

4. Наоѓате задоволство во малите нешта како пиење шолја убаво кафе, читање весник, појадок со пријателите, готвење или читање книга.

5. Имате филозофски поглед на животот и многу подлабоко го разбирате светот од останатите. Кога сте соочени со одреден проблем на него гледате како искуство од кое можете нешто да научите и сметате дека секоја борба е само неизбежен дел од целото патување наречено живот.

6. Не обрнувате многу внимание на материјалните вредности. За вас личните врски и искуства се многу поважни од нив.

7. Се трудите во целост да ги искористите вашите таленти и уживате да се изразувате себеси преку пишување, сликање, музика и слично.

8. Чувствителни сте и духовни по природа. Секогаш се трудите да ја следите интуицијата бидејќи ретко кога ве изневерила. Едноставно ги „чувствувате“ работите и можете лесно да ги прочитате другите луѓе.

9. Чувствувате како повеќе да припаѓате на некоја друга мината ера на живеење и многу се интересирате за уметноста, историјата и културата токму од тој период.

10. Дури и ако имате широк круг на пријатели и познаници, отсекогаш сте се чувствувале малку поразлично од другите. Тоа не значи дека сте самотник, туку дека во поголем дел од времето навистина уживате да сте сами со себе, а со тоа и совршено ја разбирате разликата меѓу осаменоста и самотијата.

11. Каде и да одите, другите едноставно сакаат да зборуваат со вас. Има нешто во вас што ги прави сигурни да ви се доверат по само неколку минути од запознавањето.

12. Понекогаш чувствувате како да сте одделени од „вистинскиот свет“. Забележувате разлика во начинот на кој вие размислувате за парите, добрата, врските итн. во однос на општоприфатениот став кој повеќето луѓе го имаат. Со тоа не сметате дека сте подобри, туку само поразлични.

13. Имате висок степен на емпатија, лесно ги прифаќате другите и ја разбирате важноста на простувањето. Поради ова пријателите неретко ве прашуваат за совет или ви доверуваат тајни, кои никој друг не ги знае. Тие знаат дека ќе ги сослушате без да ги осудувате.

14. Уживате во навидум незначајните моменти од животот кои на другите можеби им се чинат старомодни. Како на пример, одење во природа за време на викендите, комуницирање преку писма со пријателите кои живеат во подалечни места и слично.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар