Како максимално да заштедите ова лето?

Како максимално да заштедите ова лето?

Иако летото е период за релаксација, тоа не значи дека треба да ги изгубите сите пари што ги имате. Ако не внимавате, бројните забави и разните настани, обврските и одморите, многу лесно можат да ви ја испразнат банкарската сметка. Затоа одвојте време и правилно испланирајте ги финансиите. Забавата може да биде евтина ако добро знаете да планирате.

0-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mk

1. Сварете си домашно кафе

Да, навистина купеното кафе има неверојатен вкус наутро и плус го сметате за еден вид фитнес до омилената кафетерија, но домашното кафе ќе ви заштеди многу. Сетете се како некогаш знаат да ви ја згрешат омилената нарачка. Кога го правите дома, невозможно е да згрешите. Плус, послатко е кога самите ќе го приготвите баш онака како што сакате.

2. Однапред спремете си ручек и ужина

Како и кафето, така и ручекот и ужината се лесен начин да заштедите, но и поздраво да се храните. Кога јадете надвор поголеми се шансите да го одберете големиот хамбургер и Кока-колата. Заштедете пари и сами пригответе нешто интересно и вкусно. Можеби ќе ви дојде инспирација да испробате некој нов рецепт.

Tuna Egg and Salad Baguette with Fresh Fruit

3. Бидете си личен стилист

Постојано слушаме како трендовите постојано се менуваат и дека постојат класични парчиња облека кои вечно се модерни. Купете неколку летни парчиња кои сметате дека навистина мора да ги имате. Особено внимавајте на квалитетот, но не ја занемарувајте цената. Сепак, мора да постои баланс помеѓу двете: квалитет>квантитет.

4. Зачленете се во библиотека

Купувањето книги е забавно, но и навистина скапа навика. Алтернативно решение е да позајмувате од библиотека. И онака бришењето прашина на купови книги одзема многу време. „Вин-вин“ ситуација.

2-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mk

5. Истражувајте го местото на живеење

Летото е одлична можност за разни фестивали, културни настани, пазар на отворено и слични типови разонода. Навлезете малку подлабоко во местото каде што живеете и запознајте го подобро. Барајте забава, не чекајте таа да ве најде.

6. Прескокнете ги рестораните

Барем една вечер во викендот. Наместо да излезете, пригответе вечера дома заедно со вашите пријатели. Навистина забавна идеја и одличен начин за заштеда.

3-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mk

7. Истражувајте ги местата за одмор

Пред да заминете на одмор, добро проверете ги цените, можностите и амбиентот. Одлична идеја е да го користите Booking за сместување или Trip Advisor за ресторани, летови и детални информации околу местото кое сакате да го посетите.

8. Дозволете ѝ на летната убавина да блесне во вас

Наместо да одите на масажа, педикир и маникир, депилација… направете го сето тоа сами дома. Постојат голем број туторијали за педикир и маникир. Затоа земете го масажерот, истражете рецепти за депилација и разни други начини на разубавување и имајте сопствен спа-ден.

4-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар