Како да употребувате психичка самоодбрана во секојдневниот живот?

Како да употребувате психичка самоодбрана во секојдневниот живот?

Психичката самоодбрана е една од најважните теми и многу е корисна за практикување во секојдневниот живот. Нападите на психичката енергија се одвиваат на невидлив терен. Вие не сфаќате кога некому му го правите тоа или кога некој вам ви го прави. Кога му се отворате на светот со вашата енергија постојат некои работи на кои треба да внимавате, како и мерки што треба да ги преземете. Со отворањето вие позајмувате енергија – и позитивна и негативна.

Психички напад од вашиот ТВ приемник

Постојат многу причини поради кои мора да бидете во психички одбранбен став 24 часа дневно. На пример, додека гледате ТВ често барате нешто што ќе ве забавува. Не гледате за да се забавувате со туѓите проблеми, но сепак – нападнати сте секој пат кога ќе го вклучите телевизорот. Замислете дека го гледате вашето омилено телевизиско шоу, а во клучниот момент за време на заплетот одеднаш се појавува човек во вашата дневна соба и ви вели дека можеби сте болни или вашата сопруга ќе почне да се качува по прозорот во спалната соба и ќе почне да зборува за проблемите или наутро додека правите кафе во кујната игра гуштер и зборува за начини како да заштедите пари од автомобилското осигурување.

Зарем не се сите овие сценарија смешни? Секако дека се и сигурно дека не би ѝ дозволиле на непозната личност непречено да влезе во вашиот дом и да го шпионира вашиот живот, зарем не? Имате брава на своите врати и сигурносни системи за да ја обезбедите вашата приватност.

Некои од вас насетуваат каде води оваа линија на размислување. Овој вид „сугестии“ – ТВ реклами, обично исполнуваат 20 минути во секоја 60-минутна програма што ја гледате. Тоа е факт. Огласувачите се тие кои ги плаќаат емисиите што се емитуваат. Ова е професионалната страна на телевизијата бидејќи некој мора да плати. А, како вие плаќате метафизички?

Лежите во кревет исцрпени. Исцрпени сте бидејќи сакате малку да гледате телевизија и да се опуштите. Можеби ги приклучивте вечерните вести за да видите што се случува во светот. Тоа е место каде што почнува „нападот“. Вестите се ретко позитивни.

Тие за само неколку минути ве бомбардираат со пропаѓање на домаќинства, скандали со славни личности, политички расправии, бесмислени убиства, депресивни резултати од најновите природни катастрофи и огромна тежина од војна… Добивте визуелна слика? Зошто? Бидејќи лошите вестите продаваат сè. За ова никого не можете да обвинувате, такви се луѓето. Како воајери ги интересираат туѓите животи и искуства. Ќе застанеме и ќе набљудуваме сообраќајна незгода. Ние се грижиме. Ние сочувствуваме. Дури и може да чувствуваме тага и да бидеме ужаснати. Се замислуваме како би ни било во таква положба и без размислување – се отвораме кон тоа. А, тоа му доаѓа како да го повикувате злото во вашиот дом.
Кога одите на спиење со таква негативна енергија таа ги окупира вашите мисли и се инфилтрира во вашата психа. Вашите соништа можат да бидат насилни и непријатни, но тоа не е најмал проблем.
Вие со денови ќе бидете под влијание како што отровот бавно се отпушта со текот на времето.

Заштитете се од кој било вид непријателска енергија што доаѓа од која било страна

Пробајте да гледате некоја комедија, да медитирате или да слушате музика. Создајте опуштена и позитивна атмосфера пред спиење. Уште поважно е да започнете со програмирање на сопствена „мрежа“. Одберете слики и мисли што ќе влијаат позитивно на начинот на кој сакате да постигнете промена.

Употребувајте психичка заштита за одржување на вашата аура

Психичката заштита ќе ви помогне да ја одржите енергијата во вашата аура, да ги спречите другите луѓе негативно да влијаат или да ја исцрпуваат.

Мора да се заштитите од другите луѓе во секојдневниот живот бидејќи многу е важно да не бидете покрај „емоционални вампири“ кои ја цицаат вашата енергија. Нападот на психичката енергија се случува на невидлив терен.

Бидете внимателни со мешање на вашата енергија

Мора да се носи заштитното одело на психичка самоодбрана кога се појавуваат психички вампири во нашите животи. Тоа се само нормални луѓе на кои им недостига енергија и виталност во нивните лични животи и без свесно размислување можат да ја исцрпат енергијата од здравите луѓе. Кога вие сте во улога на „вампир“ или ако сте многу чувствителна личност можеби ненамерно ја земате енергијата од другите луѓе. Но, што ако нивната енергија е во полоша состојба од вашата? Што ако се болни, депресивни или лути? После тоа вие станувате осетливи на нивните проблеми и можете да чувствувате работи на кои воопшто не размислувате. Бидете свесни за енергетските вампири и следете ја вашата тенденција да бидете понекогаш еден од нив.

Тие доаѓаат во сите облици и величини – некогаш можат да бидат слатки мали деца во одделението, а друг пат се стари лица во старечки дом. Тие не се свесни дека ја црпат енергијата на другите и дека влијаат врз вас на негативен начин.

Бидете свесни за вашата околина и секогаш бидете подготвени. Ако носите „заштита“ ќе ви биде направена помалку штета. Можете да се заштитите со помош на психичка самоодбрана. Во ред е да не ги повикувате „вампирите“ и да поставите свои граници кога е потребно, посебно во периодот кога сте уморни или чувствувате дека енергијата ви е ниска. Размислете дали имате доволно време за медитација или друга активност што ве опушта. Ако немате, задолжително е да направите простор и да барате начини за враќање на изгубената енергија.

Дознајте и кои предупредувачки знаци велат дека треба веднаш да се ослободите од негативната енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар