Како да станете ранобудници?
Спиењето до доцна не само што не е добро за вашата кариера, туку и ќе ве натера да се чувствувате мрзливо и со променливо расположение во текот на целиот ден. Станувањето со првата утринска светлина на никој не му се допаѓа. Ние го знаеме тоа, вие го знаете тоа, па дури и експертите го знаат тоа и токму затоа спровеле истражување за шемите на спиење за да откријат како тоа влијае врз нас. Но, она што тие го откриле било многу интересно. Ранобудниците се многу поздрави и посреќни од оние кои спијат до подоцна.
Според резултатите изгледа дека за да бидеш ранобудник не е доволно само да го наместиш алармот порано. Потребен ви е стратешки план со кој ќе го ресетирате функционирањето на вашето тело во текот на целиот ден. Погледнете ги наредниве неколку совети кои ќе ви помогнат да пристигнувате први на работа, подготвени за вашите обврски, свежи и со огромна насмевка на вашето лице.
1. Преварете го вашиот внатрешен часовник
Наместо да му фрлите „бомба“ на вашето тело така што ќе го поставите алармот 1 час порано, почнете со бебешки чекори и на секои 2 дена враќајте го за само 10 минути порано. И не се нервирајте ако веднаш не можете да заспиете порано. На вашето тело му е потребно време за да се прилагоди на новото време за спиење.
2. Употребете го овој ментален трик
Многу често се случува кога ќе го чуете алармот наутро во вашата глава да „протрчате“ низ сите оние нешта кои ве чекаат тој ден. Оваа несвесна навика може да придонесе да се чувствувате изморено уште пред да се разбудите. Токму затоа во оние моменти кога ќе се будите, обидете се да размислувате за она што ве очекува во наредните 30-тина минути. Размислувајте за облеката која ќе ја носите, што ќе појадувате и слично. По неколку утра, ова ќе ви премине во навика и на тој начин ќе ви помогне многу полесно да станувате од вашиот кревет.
3. Не пијте кафе до 10 часот наутро
Веднаш по појадокот земете ја и вашата дневна доза на кафе. Ефектите од утринското кафе ќе почнете да ги забележувате во првиот половина час откако сте го испиле, а тоа ќе остане во вашето тело во текот на целото попладне – токму во оние часови кога луѓето кои не се навикнати да стануваат рано се чувствуваат најизморено, вие ќе имате дополнителна енергија од утринското кафе. Ако издржите да не се напиете уште едно кафе во текот на денот, кофеинот ќе излезе целосно од вашиот систем до вечерта и ќе можете многу полесно да заспиете.
4. Одете во теретана веднаш по работа
Експертите за спиење порано верувале дека утринските вежби се најдобар начин за да го разбудите вашето тело. Но, новите истражувања покажале дека совршеното време за вежбање е веднаш по завршувањето со работа, бидејќи од 2 до 5 часа по вежбањето температурата на вашето тело ќе почне да опаѓа и со тоа да му испраќа сигнали на мозокот дека е време за спиење. Доколку успевате да вежбате околу 17.30 часот, вашето тело ќе биде подготвено за спиење во вистинското време.
5. Вечерна исхрана
За вечерата одбирајте храна која е комбинација од јаглехидрати, калциум и протеини како на пример, житарки со млеко. Доколку вашиот оброк не е многу обемен и доколку вклучите десерт еден час пред да си легнете, вие ќе имате многу подлабок сон и ќе се чувствувате многу поенергично наредното утро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Јас најлесно се будам наутро ако веднаш штом се разбудам помислам што ќе јадам, посебно ако има нешто убаво за јадење 🙂