Како да станете подобри промотери?

Како да станете подобри промотери?

Вашиот успех како промотери зависи од многу фактори, пред сè од тоа какви сте вие како личност. Сепак, постојат одредени правила и совети кои доколку ги следите би ви помогнале во тоа да бидете поуспешни во вашата работа како промотери.Како да станете подобри промотери?1. Облекувајте се пристојно.

2. Бидете во склад со она што го промовирате.

3. Бидете чисти и уредни (во облеката, но и на вашиот штанд/пулт).

4. Говорете гласно и јасно за да привлечете внимание, но не бидете прегласни.

5. Бидете сконцентрирани и секогаш изгледајте заинтересирано.

6. Смејте се.

7. Зборувајте сигурно и самоуверено.

8. Доколку некој загуби интерес во текот на вашето зборување, придобијте го неговото внимание со покачување на тонот, некаква гестикулација и дирекно ставање акцент на неговата придобивка од акцијата.

9. Гледајте ги луѓето во очи.

10. Знајте ги наизуст добрите страни и начините на употреба на производите кои ги промовирате.

11. Изразувајте се литературно.

12. Секогаш имајте резервна варијанта во начинот на презентирање.

13. При грешка направете шала на своја сметка.

14. Зближете се со потрошувачите и понудете им ја вашата помош при изборот на производи.

15. Не бидете премногу нападни, дајте им простор на потрошувачите сами да ја донесат својата одлука.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар