Како да станете отпорни на стресот и да ги зачувате вашите мир и здравје?
Неповолните околности се неизбежни и кога-тогаш морате да се соочите со стресни ситуации. Но наместо да им дозволите на овие ситуации да владеат со вас и да ве полудат, постојат неколку стратегии со кои ќе реагирате на стресот без негативни последици.
1. Променете го вашиот однос кон стресот
Не можете да ги спречите проблемите, но можете да го промените вашиот одговор на нив. Наместо да го гледате стресот како знак за неуспех или за закана, можете во него да гледате предизвик и лекција што треба да ја научите. Обидете се да најдете позитивно објаснување за проблемот и гледајте ги пречките како привремени и решливи. Наместо да се прашувате зошто се случува нешто, запрашајте се што можете да направите во врска со тоа, или што треба да научите од искуството. На овој начин ќе најдете смисла сред целиот хаос.
2. Управувајте со вашите емоции
Некои луѓе одговараат на стресот со бес, додека други се повлекуваат и ја избегнуваат ситуацијата. Ниту една од двете опции не е добар одговор. Совесните луѓе најпрво си даваат време да разберат што чувствуваат, дури и ако тоа е неудобно. Па, дозволете си да ги „преработите“ тешките емоции како фрустрацијата, бесот или тагата, и ова ќе ви помогне да донесете добра одлука. За да научите да управувате со вашите емоции, мора да научите да се изразувате јасно и со емпатија кон другите.
3. Делувајте и покрај несигурноста
Отпорните луѓе преземаат нешто дури и кога не им е јасно каков ќе биде резултатот. Донесувањето одлуки сред неизвесност може да биде стресно, па фокусирајте се на напредувањето, наместо на совршеноста. Следете ги вашите победи и славете ги успесите, без разлика колку се мали. На овој начин ќе стекнете самодоверба која ќе ви помогне во тешките ситуации.
4. Не заборавајте на грижата за себе
Исто важно е да знаете кога треба да се повлечете и да ги наполните батериите. Отпорноста бара енергија, па во вашиот распоред мора да вметнете и време за себе. Вежбањето, здравата исхрана, добриот сон и работењето на личниот развој ќе ви помогнат многу. Не заборавајте на физичкото, но и на менталното здравје. Кога сте одморени и психички сигурни, можете да се соочите со сите предизвици.
5. Негувајте ги односите
Позитивните врски со луѓе на коишто им верувате се вистински темел на вашата отпорност. Кога минувате низ тежок период, побарајте помош од пријатели, колеги, ментори, експерти… Постојаната поддршка од луѓето во вашиот живот ќе го подобри вашето здравје, ќе ви ја зголеми мотивацијата и ќе го намали стресот.
Пробајте го и овој трик од 5 секунди за ослободување од стресот.