Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Секој што работел на место, кое не му создавало посебна причина да се разбуди наутро со возбуда и ентузијазам, го знае ова непријатно чувство. Многу попријатно и помалку стресно е кога знаете дека денот ќе ви помине во средина исполнета со позитивна енергија, во која ќе уживате и која ќе ве наполни со елан. Ваквата средина е многу важна за физичкото, менталното и емоционалното здравје, но и за резултатите кои ги добива компанијата. Колку подобро се чувствуваме на работното место, толку посериозно им пристапуваме на работните активности и покажуваме поголема лојалност кон самата работа. Ова се неколку совети кои можат да му помогнат на секој, сам да си создаде здрава работна средина.Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Прифатете понуда на вистинското место

Првиот чекор за создавање позитивна работна средина е да си осигурате позиција која ќе ве исполнува. Пред да прифатите некое работно место, треба да сте сигурни во вашите работни способности, да знаете што сакате да работите, каква улога сакате да имате, каде се гледате себеси за пет години и дали сте свесни во каква средина се впуштате. Знаејќи ги одговорите на овие прашања, ќе си помогнете во препознавањето на можностите кои одговараат на вашите критериуми.Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Бидете позитивна личност

Поставете се позитивно и пристапно. Покажете им на колегите дека сте достапни и дека сакате да им помагате. Секогаш бидете насмеани и остварувајте контакт со очите кога се разминувате со некого. Бидете пријателски настроени, културни и фини. Секогаш зборувајте со добрина, охрабрувајте, бидете учтиви и покажувајте почит. Пред да донесувате заклучок, поставувајте прашања. Бидете вие личноста со која е забавно да се работи. Слушајте ги останатите заинтересирано и за крај, не се жалете и не озборувајте.Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Преземајте одговорност

Преземајте одговорност за да ја насочите вашата кариера. Сепак, на крајот самите сте одговорни за создавањето средина во која истовремено учите и созревате. Колку подолго се движите кон ќор сокак во вашата кариера, толку потешко ќе ви биде да останете позитивни. Доколку не сте задоволни од тоа како се развива вашата кариера, разговарајте со претпоставениот за да видите дали тој проблем може да се реши или пак, побарајте друга свежа опција со која ќе се чувствувате многу подобро.Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Комуницирајте со претпоставените

Редовно разговарајте со менаџерите и шефовите, за да бидете сигурни дали ги исполнувате нивните очекувања и дали ги исполнувате вашите цели. Немојте секогаш да очекувате дека тие ќе ви се обратат вам. Информирајќи ги претпоставените за текот на вашите активности, вие оставате впечаток на веродостојни и сигурни работници, посветени на својата работа и заинтересирани за напредок на фирмата. Можете да земете предвид и испраќање неделен извештај за текот на работните обврски, за оние кои сте ги завршиле или да давате идеи за оние кои ви следуваат.Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Социјализирајте се

Бидете во постојана интеракција со колегите, не само за работните обврски. Предложувајте забавни работи, кои можете да ги правите за време на паузите, заедно прославувајте родендени или други поводи. Организирајте спортски активности, заеднички ручеци и други слични активности кои можат да ви помогнат да се поврзете со нив.Како да си создадете позитивна работна атмосфера

Знаци кои укажуваат на позитивна работна атмосфера

  • Работите работа што ја сакате.
  • Вашите идеи се ценат.
  • Вашата креативност е охрабрувана од другите.
  • Вашата работа се совпаѓа со вашите способности.
  • Имате колеги со кои можете да разговарате.
  • Претпоставените ви се секогаш достапни.
  • Оставен ви е простор за напредок.
  • Се забележува кога успешно ги завршувате обврските.
  • Се чувствувате како дел од тимот.
  • Со уживање одите на работа.
  • Ценети сте.
  • Се чувствувате среќно додека сте на работното место.
  • Работата ви претставува забава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. jule Reply

    marsovec odi na mars i veli ,, ovde nema atmosfera,,

Остави коментар