Како да си простите себеси за грешките во животот?

Како да си простите себеси за грешките во животот?

Една од најголемите потешкотии со која се соочуваат луѓето е простувањето кои треба самите себеси да го дадат. Се казнувате поради грешките што сте ги направиле во минатото и не можете си простите самите себеси.

Морате да запаметите дека животот е краток и дека треба да го поминете во учење и константно менување. Треба да научите како старата енергија да ја претворате во нова, односно да го отпуштите минатото и да се отворите кон иднината.

Како да си простите себеси за грешките во животот?

Не смеете да чувате вина и страв во вашата енергија бидејќи таквата енергија ве кочи и го намалува вашиот ентузијазам и мотивација.

За да напредувате и да ја подигнете вашата свест, мора да престанете да се казнувате себеси со тоа што намерно си го наметнувате чувството на страв и вина. Тие емоции не би требало да постојат, бидејќи немаат цел, немаат основа и ништо не можат да сменат или поправат.

Ја научивте вашата лекција, но од некоја причина вашиот внатрешен глас ви вели дека сте погрешиле и дека сте дејствувале спротивно од вредностите на вашата фамилија, општество, верувања или што и да е.

Можеби сте поминале низ многу негативни искуства во животот кои во вас оставиле траги од чувството на вина и имате потреба од прошка, но вашата совест не ви го дозволува тоа. Не ви дозволува да си простите не само на себеси туку и на другите.

Кажете си дека сте научиле вредна животна лекција. Кажете си дека таа ситуација имала за цел да ве научи нешто и заборавете на неа. Не се задржувајте на неа и не хранете ја со енергија.

Мора да се ослободите од работите кои поминале. Кажете си дека тоа е дел од минатото и дека во врска со тоа немате апсолутно никакви емоции.

Никој друг не ве осудува освен вие самите. Доколку се заглавите во минатото ќе ги пропуштите сите тие моменти на среќа, радост, љубов и позитивна енергија во сегашноста.

Ослободете се од сето она што ве врзува со негативната енергја. Нема потреба да бидете врзани за што било во животот. Единственото нешто што морате да го направите е да бидете свои и да се ослободите од сѐ друго што ви стои на патот и ве спречува во вашиот личен развој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар