Како да си посветите повеќе време додека трае празничната сезона

Како да си посветите повеќе време додека трае празничната сезона

За многумина од нас празниците се период кога можеме да ја почувствуваме магијата и радоста на животот. Сепак, планирањето и подготовките можат да нè исцрпат. Во продолжение ви споделуваме совети како за време на празниците да се грижите повеќе за себеси и да си го пронајдете внатрешниот мир.

Како да си посветите повеќе време додека трае празничната сезона

Создадете рутина на самоиспитување

Оваа празнична сезона обидете се да си посветите повеќе време. Тоа можете да го сторите така што ќе издвоите определено време во текот на денот за саморефлексија и за да размислите како навистина се чувствувате за време на овој период. Празниците се исполнети со магија и позитивна енергија, но исто така можат да бидат исцрпувачки во поглед на емоционалната и физичката енергија. Наш совет е првите триесет минути кога ќе се разбудите е да ги потрошите за себе, на нешто што вие сакате да правите – било да е тоа филџан кафе или мала прошетка.

Обидете се да го контролирате стресот

Празниците можат да играат важна улога во зголемувањето на дополнителниот стрес кај многумина од нас. Затоа, важно е да вложите време и енергија на работите што ве прават среќни и исполнети. Ви препорачуваме да одвоите време за утринска медитација која може да ви помогне да го регулирате нивото на стрес.

Негувајте го чувството на благодарност

Празниците покрај тоа што носат убави мигови, тие исто така можат да бидат и товар за вас, особено ако сте премногу сочувствителни и трошите многу енергија на другите. Промената на годишното време и количината дневна светлина исто така може да влијаат врз вашето ментално здравје, па затоа од огромна важност е грижата за себе. Секоја вечер пред да заспиете, без разлика колку се чувствувате изнемоштени од искуствата што сте ги имале тој ден, запишете три аспекти од вашиот живот за кои сте благодарни. Чувството на благодарност ќе ве потсети дека дури и кога минувате низ тежок период, сепак имате причина зошто да живеете и да се радувате на животот.

Останете поврзани

Зголемените обврски како и дополнителното чувство на енергија што треба да ја вложите за да ги израдувате сите околу вас може да предизвика желба кај вас да се изолирате од сите. Не заборавајте колку е важно да бидете опкружени со луѓе покрај кои се чувствувате опуштено. Не дозволувајте луѓето кои ви шират негативна енергија, макар и да се работи за член на семејството, да ви влијаат овој период и да направат да се чувствувате потиштено. Во ред е некогаш да се оддалечите од луѓето во вашата околина кои ве исцрпуваат. Преку грижата за себе и надополнувањето на сопствената енергија, вие всушност станувате поспособни да изразите емпатија и љубов не само кон себеси туку и кон другите во вашата непосредна околина. Тоа е вистинското значење на поврзаноста.

Откако прочитавте како да си посветите повеќе особено додека трае празничната сезона, можеби ќе сакате да прочитате и 5 начини за да се ослободите од потребата да се споредувате со другите.

Извор: thoughtcatalog.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар