Како да си направите жешки пантолончиња со дизајн на лубеница?

Како да си направите жешки пантолончиња со дизајн на лубеница?

Лубеницата веднаш асоцира на лето. Вкусна е да се јаде, но одлично изгледа и кога се носи на себе како дизајн на облека. Ви го предлагаме овој едноставен и прилично евтин „направи сам“ туторијал за кратки пантолончиња со дизајн на лубеница.

Како да си направите жешки пантолончиња со дизајн на лубеница?

Потребно ви е:
  • Пар бели или многу избледени сини тексас пантолончиња
  • Зелена боја за ткаенини
  • Розова боја за ткаенини (или измешајте црвена и портокалова)
  • Црн маркер за ткаенини (не се вади со перење)
  • Широк селотејп
  • Шишенце со пипета
  • Заштитни ракавици

Како да си направите жешки пантолончиња со дизајн на лубеница?

Измешајте 2 лажички од розовата боја со еден прстофат сол и 470 мл топла вода (прочитајте ги инструкциите на пакетчето, можеби ќе треба да ги прилагодите количините според упатството). Ова треба да е доволно за долниот дел од шорцот. Залепете селотејп на местото каде што сакате да се двои розовата од зелената боја (внатрешниот дел од кората). Сипувајте подеднакво на двете страни од шорцот. Закачете ги пантолоните за да може убаво да се апсорбира бојата. Повторете го истото со зелената боја на горниот дел од пантолончињата.

Оставете ги да се сушат неколку саати, притоа внимателно наместени за да не се допираат двете бои. Кога ќе бидат скоро суви, ставете ги во машина и исперете ги, а потоа најдобро исушете ги во машина за сушење. На крај нацртајте семки во форма на капки со маркерот по целата површина на розовиот дел од пантолончињата.

И тоа е тоа. Можете да уживате во остатокот од летото. Погледнете ја целата постапка во видеото подолу.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар