Претходно
Како да си направите релаксирачка масажа на лице?
Датум: 17 окт 2013
Коментари: 0
Масажите на лицето носат многу придобивки за вашата кожа и за вашето тело. Фацијалната масажа е одлична за ослободување од стресот, тензијата и заморот и прави да се чувствувате релаксирано и здраво. Таа носи придобивки и за изгледот на вашето лице, бидејќи ја стимулира циркулацијата на крвта, ослободува од напнатоста и ја намалува појавата на брчки. Лицето ќе ви изгледа посвежо, а вие ќе се чувствувате подобро.
- За да започнете, земете еден пешкир и натопете го во топла вода. Потоа исцедете го вишокот вода и ставете го пешкирот врз вашето лице. Топлиот пешкир ќе му помогне на вашето лице да се опушти и да омекне. Држете го пешкирот врз лицето, сè додека не се олади.
- Со врвовите од прстите на двете раце земете малку навлажнувачка крема за лице и протријте ги меѓусебно, за да се разнесе на сите рамномерно.
- Со помош на прстите од двете раце, започнете ја масажата од средината на челото, кон слепоочниците, постепено зголемувајќи го притисокот. Повторете го движењето неколку пати, додека не почувствувате дека мускулите ви се опуштени.
- Застанете кај слепоочниците и нежно масирајте ги со кружно движење, во правец на стрелките на часовникот, па обратно. Нежно зголемувајте го и намалувајте го притисокот со кој масирате. Ова е одличен начин да ги намалите главоболките и стресот.
- Од слепоочниците, продолжете го движењето кон двете страни на лицето, па сè до брадата. Нежно штипкајте ја брадата и масирајте ја со кружни движења со помош на вашите прсти.
- Продолжете со масирање на линијата на краевите од лицето, од слепоочниците до брадата, а потоа сменете го правецот од брадата кон слепоочниците.
- Раширете ги прстите од двете раце и започнете темелно да го масирате скалпот. Менувајте го притисокот на прстите, додека ги движите рацете во кружно движење.
- Завршете ја масажата, масирајќи го задниот дел од главата, кај тилот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.