Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни услови?

Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни услови?

Во добро друштво или сами со некое добро филмче, пуканките се навистина незаменлива, крцкава и нискокалорична ужинка. Но, доколку сте ноќна птица, а вашите родители спијат во близина на кујната, веројатно немате можност да го грабнете тенџерето и да пукате во ниедно време.

Голема радост беше моментот кога видовме дека се продаваат пуканки во хартиена кеса, наменети за едноставно и педантно пукање во микробранова печка, како и оние сосема готовите, спакувани пуканки. Но, тие се прилично скапи кога ќе се земе предвид дека за таа цена дома ќе испукате неколку големи тенџериња полни до врв. Исто така, купените пуканки за пукање во микробранова печка содржат разни адитиви како што се остатоци од риба, млеко, вештачки зачини и што ли уште не?! Тоа е и калорично и нездраво. Затоа, купете си кеса неиспукани зрна и хартиени кеси и подгответе си домашно приготвени пуканки, поубави од оние во кино.Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни условиНачин на подготовка: Зависно од големината на кесата што ја имате, ставете 50-70 грама зрна пченка и превиткајте ја кесата 3 пати на врвот. Немојте да ја хефтате, бидејќи желевцата може да предизвикаат искри или пожар во микробрановата печка. Нема потреба ни од селотејп, кесата нема да ви се отвори при пукањето, доколку е убаво свиткана. Ставете ја кесата во микробрановата печка околу 3 минути на висока температура или онака како што секогаш ги пукате оние купени од продавница.Како да си испукате пуканки во хартиена кеса во домашни условиСовет за пукањето: Исклучете ја микробрановата печка во моментот кога пукањето ќе се намали на 1-2 пуканки во секунда. Ако почекате уште малку, може да ви изгорат.

Рецепти

Диетални со сол: Бидејќи вака подготвените пуканки не се мрсни, солта нема да се нафати за нив. Затоа земете еден мал длабок сад и толчник и толчете ја солта додека не стане како прав. Потоа посолете и почнете да грицкате.

Мексикански: ставете чили, лут кечап и сол.

Миризливи: помешајте лук во прав и кромид во прав, за пуканки со интензивен вкус.

Пуканки со сирење: изрендајте кашкавал и сирење во пуканките додека се жешки. За поедноставна варијанта, може да ставите само пармезан и малку сол.

Десертни пуканки: ставете малку цимет, шеќер и декорирајте ги со мед.

Класични: посолете и прелијте ги со стопен путер.

Ако сакате да бидете ептен кул, испринтајте си и готово дизајнче за кесата, за да изгледа како да сте ги купиле пуканките од продавница. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар