Како да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?

Како да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?

Не е лесно да го најдете вистинскиот партнер, а привлечноста и хемијата како повеќе да одмагаат отколку што помагаат во потрагата, бидејќи луѓето често се вљубуваат во личност со којашто не можат да изградат врска. Ќе имате многу шанси во животот да привлечете партнер со кој можете да изградите здрав однос ако знаете што сакате, се познавате себеси и не се обидувате да бидете некој друг.

Како да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?

1. Бидете свои

Најпрво треба да се прифатите и да се сакате себеси, какви и да сте. Ако се чувствувате неисполнето и незадоволно од себе, партерот нема да може да ви помогне да ги излечите вашите емотивни повреди. Ако не можете сами да си пружите поддршка на себе, ни друг нема да може да ви ја даде. Партнерот не треба да ви ја дополнува личноста и да ви ги маскира слабостите, туку да ви го направи вашиот живот поубав, покомплетен. Можеби ќе сакате да се прикажете во најдобро светло и затоа ќе се обидувате да ги сокриете вашите слабости пред партнерот, но тоа не е реално. Секој има и доблести и маани. Ако сте отворени и автентични, ако не се обидувате да глумите дека сте подобри одошто сте, шансите да го пронајдете вистинскиот партнер се многу поголеми.

2. Верувајте во љубовта

Треба да верувате дека заслужувате љубов. Можеби не сте свесни за вашите несигурности и мислите дека верувате во љубовта, кога всушност сами ги саботирате вашите шанси. Оваа саботажа се манифестира низ врски кои завршуваат на ист начин. Исто така, ако сте убедени дека сте подобри од сите и никој не може да ви го пружи тоа што ви треба, тогаш веројатно и така ќе биде. Не дозволувајте им на ваквите мисли да ви ги намалат шансите. Отворете го вашето срце.

3. Откријте што е она што навистина го сакате

Она што сакате да го постигнете во животот треба да се совпаѓа со љубовниот живот. Ако сакате кариера, патувања и динамичен живот, тогаш нема да бидете среќни со партнер кој сака да се „смири“. Компатибилен партнер е оној со сличен животен стил и слични вредности и желби како вашите.

4. Правете го она што го сакате

Кога правите нешто што навистина сакате, вие зрачите со позитивна енергија којашто привлекува уште повеќе позитивна енергија. На овој начин поголеми ви се шансите да запознаете личност што ги сака истите работи како и вие. Ако не знаете што е тоа што го сакате, немојте да се грижите, потребно е само да се обидете да го пронајдете.

5. Бидете комуникативни и активни

Немојте да чекате некој да ве најде. Пријдете ѝ на личноста што ви се допаѓа и започнете разговор. Многу луѓе испуштиле одлични можности само затоа што чекале другата личност да им пријде прва. Одете на места со луѓе со слични интереси како вашите, бидете активни, вклучени и преземете иницијатива.

Дознајте и на кој начин вистинскиот партнер ќе ви ја докаже искрената љубов кон вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар