Како да се спречи раното стареење на сувата кожа?
Со помош на правилна нега и користење квалитетни козметички, но и природни производи, ефикасно ќе ја спречите предвремената појава на брчки и ќе ја вратите еластичноста, особено ако се работи за сува кожа. Сувата кожа е чест проблем кај девојките и жените, а ладниот воздух дополнително ја прави чувствителна и склона на иритации. По некое правило, ако имате сува кожа, порано ќе ви се појават брчки, но добрата вест е што може да се интервенира веднаш и сето тоа да се одложи.
Правилната нега на сувата кожа се одвива во следните чекори:
- Миење со ладна или млака вода, затоа што топлата дополнително ја суши кожата
- Користење нежни гелови или сапуни за миење
- Сушење на лицето со тапкање со крпа (никако триење)
- Користење хидратантна крема за лице
- Користење маслени серуми или чисти масла
Освен надворешна нега, можете да ја заштитите вашата кожа и со помош на правилна исхрана и здрав живот. Намалете го стресот најмногу што можете. Јадете свежи овошја и зеленчуци кои содржат витамини А, Ц, Е, К, како и целата група на витаминот Б. Пијте доволно вода, за хидратација на организмот.
Избегнувајте директно изложување на силен ветер или на сончеви зраци, користете соодветна козметика за заштита и редовно рекреирајте се, за да го покренете метаболизмот. Потрудете се да имате уредно време за спиење и квалитетен сон, но и редовно менувајте ја постелнината, за да ја заштитите вашата кожа од нечистотии.
Ако имате сува кожа, подгответе ја и оваа медена маска против акни и сува кожа.