Како да се справите со својата љубопитност?

Како да се справите со својата љубопитност?

Не, не мислиме само на љубопитноста која ве тера да го пикате вашиот нос во туѓата приватност. Но и тоа се смета за љубопитност, која укажува на детективски талент, па можеби ќе можете да ја искористите на начин за да бидете корисни за себе и за општеството, наместо да носите наоколу имагинарна лепенка на која со имагинарни флуоресцентни букви пишува „Радио Милева“. А таа фреквенција, сега или подоцна, сите ќе ја откријат, дури и пред да им појде од рака да го прочитаат невидливиот натпис.

2-kako-da-se-spravite-so-svojata-ljubopitnost-www.kafepauza.mk_

Значи, мислиме на љубопитноста која ве тера да дознавате, да споредувате, да испитувате, никогаш да не се задоволувате со половични одговори, да брзате и да поставувате незгодни прашања. Љубопитноста и тактичноста не одат заедно. Стрелите на љубопитноста може да одлетаат далеку, толку многу што некогаш ќе ја промашите целта и ќе погодите некого на некое незгодно место. Научете да ракувате со својот лак.

Љубопитноста секогаш „поставува“ прашања, а прашањата водат кон нови прашања – истото важи и за одговорите. Првото правило за справување со љубопитноста гласи:

Почитувајте го редоследот: Прво прашање, па одговор, па прашање

На вашиот љубопитен ум му е потребна организација. За да не се дезориентирате поставувајќи многубројни прашања одеднаш, најпрво поставете ги почетните, приоритетни прашања. А потоа истражувајте, сè додека не ги пронајдете одговорите. Патем ќе ви текнуваат сè повеќе и повеќе прашања – запишете ги. Позанимавајте се со нив кога ќе пронајдете некои одговори. Уште подобро, најпрво позанимавајте се со одговорите. Набљудувајте ги, испитајте ги и анализирајте ги, а кога ќе излезат нови прашања, споредете ги со запишаната листа. Потоа елиминирајте ги периферните прашања и започнете потрага по приоритетните одговори.

На тој начин ќе стигнете до нова листа на прашања. Дисциплинирајте се и работете систематски. Замислите дека сте си сами на себе секретарка која води евиденција за редоследот на прашањата и одговорите. Сервисирајте го својот ум. Помогнете му во организацијата.

Не игнорирајте ги стравовите, огнените желби и загрижености – обидете се да ги разберете

Вашиот ум е чувствителен инструмент. Учејќи да го користите како лак кој исфрла стрели и ги погодува метите, мора да се фокусирате, но исто така не треба да ги заборавите нарушувачките фактори. Бидејќи тоа се информации, кои бараат да им се посвети внимание за да ви пренесат порака која ќе ви биде од корист. Кога ќе се појават, престанете да се занимавате со прашањата и одговорите, престанете да истражувате и потполно посветете се на она што ве загрижува. Можеби чувствата кои ги чувствувате ви велат дека треба да ја смените вашата перцепција, да пристапите кон решавањето на проблемот на подруг начин или пак ви откриваат дека проблемот воопшто не е она кон коешто сте целеле, туку нешто сосема друго.

Тоа што сакате да го постигнете, можеби е маскирано, а вашиот чувствителен инструмент ви покажува како да го демаскирате. Тоа што е вон вас е поврзано со нешто витално во вас. Затоа горите од љубопитност, затоа страстите ве тераат да истражувате, да се обидувате и да се трудите, онаму каде што никој друг освен вас не ја гледа смислата, ниту патот, ниту целта. Сè во вас има одговори, дури и стравови. Збунетост и желба. Набљудувајте се себеси, истражувајте се, бидете љубопитни во однос на вашиот ум и емоции, работете темелно и истовремено интуитивно, како да се обидувате да решите загатка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар