Како да се справите со себичните луѓе?
Сосема нормално е да се биде себичен до одреден степен. Понекогаш, потребно ви е малку повеќе самољубие и грижа за себе, во спротивно луѓето ќе ве искористуваат и повредуваат. Но, што со оние кои не се ништо друго освен себични? Кои мислат само за себе, дури и по цена на другите? Како да се справите со таквите луѓе? Прочитајте во продолжение.
1. Не ги сфаќајте премногу лично
Кога си имате работа со егоцентрична личност, сфатете дека колку и да се трудите да ја натерате да разбере нешто, тоа никогаш нема да се случи. Таквата личност само ќе продолжи да се грижи за сопствените потреби, желби и барања, занемарувајќи ги вашите чувства. Па, зошто да трошите време и енергија на такви луѓе? Што и да кажат, не сфаќајте го тоа лично. Заштитете си го својот ментален ум и не им го посветувајте вниманието што не го заслужуваат.
2. Натерајте ги да сфатат дека тие не се центарот на универзумот
Луѓето кои се себични се секогаш премногу зафатени со „нивните светови“, па затоа важно е понекогаш да ги потсетиме дека тие не се центарот на универзумот и дека светот не се врти околу нив. Кога сте опкружени со себични луѓе, ќе сфатите дека тие се грижат само за сопствениот живот и дека никогаш не ни помислуваат на другите.
3. Опкружете се со луѓе кои не се егоцентрични
Ако запознаете нова личност и сфатите дека се однесува премногу себично, или пак, имате таков пријател, тогаш добро би било да одржувате растојание од него и да го поминувате времето со подобри луѓе. Еден од најдобрите начини за справување со таквите луѓе е да се држите настрана од нив и од нивната негативност.
4. Не им го посветувајте вниманието за кое се толку очајни
Една од најмоќните работи што можете да ги направите доколку сакате да се справите со себични луѓе, е да престанете да трошите внимание и енергија на нив. Вашиот незаинтересиран однос ќе ги натера да се повлечат или барем да се обидат да го променат однесувањето.
5. Прифатете ја вистината дека не се грижат за никого друг освен за себе
Прифатете го фактот дека тие се такви какви што се. Колку побрзо го сфатите и прифатите тоа, толку подобро ќе можете да се справите со нив. Соочете се со вистината дека себичните луѓе никогаш нема да се грижат за вашата среќа.
6. Престанете да им давате помош и поддршка секогаш кога им е потребна
Себичните луѓе знаат што да направат за да ги искористат добрите луѓе. Сè ќе испревртат само и само да ве придобијат. Во моментот кога ќе добијат тоа што им треба од нив, ќе ве отфрлат како ѓубре. Затоа, престанете да бидете постојано тука за нив и натерајте ги да сфатат дека не можат да ве користат кога сакаат. Оставете им до знаење дека не сте тука за да ги исполните нивните желби и барања, а ако не можат да се однесуваат со почит и љубезност кон вас, тогаш не ви се потребни во животот.
7. Поставете граници
Не можете да го контролирате однесувањето на другите, но можете да се контролирате вие самите. На себичните луѓе не им е грижа како нивните постапки влијаат врз другите, па затоа добро би било да повлечете граници за да се заштитите од нивната негативност. Вашите граници ќе зборуваат сами за себе и ќе им дадат порака дека не можат да прават што сакаат со вас и вашиот живот. Вашиот мир е на прво место, а не нивната себичност.
Откако ги прочитавте нашите совети за справување со себични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги препознаете луѓето кои може да ве повредат.
Извор: themindsjournal.com