Како да се справите со одолговлекувањето на важните обврски?

Како да се справите со одолговлекувањето на важните обврски?

Постојат видливи и помалку видливи причини за одолговлекувањето т.н. прокрастинација. Тоа може да се јави како резултат на претпоставката дека одредена активност е здодевна, комплицирана или вознемирувачка, доколку нема мотивација за насочување на вниманието. Освен тоа, голем број луѓе не знаат како да си го организираат времето, ниту ефективно да поставуваат цели, па во недостиг на време си ги одложуваат обврските.

Како да се справите со одолговлекувањето на важните обврски?

Ниската толеранција на фрустрација ги спречува луѓето да постигнат многу цели. Ниска толеранција се јавува кога човек мисли дека не може да толерира неизвесност, смета дека не може да поднесе одредена ситуација и ја избегнува. Тоа се рефлектира во ирационалното верување дека сè што прави во животот мора да биде убаво и интересно, а ако не е, тогаш е ужасно и неподносливо.

Анксиозноста може, исто така, да предизвика одолговлекување. Ако лицето е загрижено дека активноста преставува некаков вид закана, дека не може да ја контролира ситуацијата, преовладува потребата за вклучување во побезбедни активности поради страв од неуспех и непријатност. Човек кој се сомнева дека нема успешно да ја заврши работата, исто така, прибегнува кон одолговлекување.

И перфекционизмот може да предизвика одложување. Личноста со преголеми очекувања инсистира на постигнување совршени резултати и решенија. Луѓето со изразени перфекционистички карактеристики имаат тенденција да одолговлекуваат токму поради стравот да не направат грешка, доколку веруваат дека не можат да успеат. Стравот од неуспех преку погледот на ирационалниот перфекционизам води до ставот дека „подобро е да не се обидуваш, отколку да доживееш неуспех“.

Една од вежбите кои можат да помогнат при одложувањето е т.н. вежба со петминутен план. Започнете да работите на одредена активност пет минути, и по истекот на времето одлучете дали да продолжите за уште пет минути. Планот од пет минути може да се користи во многу ситуации. За учење, работа на проект, обука, исто така и за одвикнување од пушење. Така, на пример, кога пушач кој ќе престане да пуши сака да запали цигара, си го мери времето и по пет минути одлучува дали сака да издржи уште пет минути без да ја запали. Циклусот се повторува додека лицето не ја надмине неговата фрустрација поради воздржување од активности или од вршење одредени работи.

Откако прочитавте како да се справите со прокрастинацијата, можеби ќе сакате да прочитате и зошто 5-секундното правило е важно за писателите кои го одложуваат пишувањето.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар