Како да се справите со неодлучноста?

Како да се справите со неодлучноста?

Нашиот мозок одлично функционира во сите видови активности, вклучувајќи го и размислувањето. Постои одлична причина зашто Рене Декарт напишал, „Je pense, donc je suis“ односно „Мислам, значи постојам.“ Вие навистина мислите затоа што сте и токму тоа сте затоа што можете да мислите. Но, тука има многу повеќе отколку што изгледа. Односно, помалку. Понекогаш навистина е подобро помалку да го употребувате вашиот мозок.

Како да се справите со неодлучноста?

Да се има толку „голем“ мозок понекогаш знае да биде огромен проблем. Тој нè мами да мислиме дека треба многу да размислуваме за сè. Ова се протега до тој степен што ни создава потреба да контролираме сè што правиме, и тоа не на позитивен начин. Лошата страна е што во вакви ситуации почнуваме претерано да размислуваме, дури и кога станува збор за едноставни одлуки. Дали да одбереме да студираме во нашата држава или надвор? Дали да јадеме органска или неорганска храна? Дали да купиме балетанки или високи потпетици? Постојат неколку техники, кои доколку ги почитувате можат многу да ви помогнат во побрзо и поедноставно донесување на одлуки.

Верувајте во себе

Две глави се секогаш подобри од една. Донесувањето одлуки со помош од блиска личност може да ви звучи како одличен начин за разгледување на повеќе перспективи, но тоа може да доведе до дополнителни проблеми. Заедничкото одлучување предизвикува отфрлање на одредени клучни информации, според нова студија која била објавена во „Психолошки науки“. Оние кои одлучуваат индивидуално, внимателно собираат многу повеќе информации, отколку оние кои одлучуваат со помала или поголема помош од друга личност.

Décidez en Français

Дали забележувате дека правите одлуки според вашите моментални чувства наместо според логиката? Пробајте да размислувате на друг јазик. Научниците сметаат дека на овој начин ќе создадете емоционална оддалеченост од вашиот проблем. Во неодамнешна студија објавена во „Психолошки науки“, каде што од учесниците во истражувањето се барало да го предвидат ризикот во одредени ситуации, како на пример, или да задржат еден долар или да свртат паричка за да заработат еден и пол долар – тие правеле помудра одлука кога проблемот им бил претставен на друг јазик.

Не мислете премногу

Престанете да зјапате во многуте видови мармалад од јагоди. Не е важно кој ќе го одберете. Кога ни изгледа како одлуката да е многу тешка, честопати погрешно ја сфаќаме како многу важна, велат истражувачите од Универзитетите во Флорида и Пенсилванија. Пред да ѝ дозволите на тривијалната одлука да ве парализира, размислете за потенцијалниот резултат од вашата одлука. Ќе сфатите дека не е ништо страшно, дури и да го изберете погрешното.

Престанете да рационализирате

Кога правиме лоши одлуки, честопати си наоѓаме објаснувања кои ни ја оправдуваат нашата одлука и кои нè тераат да помислиме дека сме избрале правилно.

„Луѓето се господари за себе-измамување,“ велат Зои Ченс и Мајкл Нортон од Бизнис-училиштето Харвард. „Тие измислуваат оправдувања за нивното однесување – дури и за себе.“

За да ја избегнете нереалната самодоверба при донесување одлуки, пробајте да разгледате некој проблем без да сметате дека вашата првична одлука била неизбежна. Најдете начин да сфатите зашто сте ја донеле токму таа одлука и обидете се нареден пат да не ја повторите истата грешка.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар