Како да се справите со лошите колеги?

Како да се справите со лошите колеги?

Секаде има по некој вработен кој не знае како добро да соработува. Некои од тие луѓе се арогантни, други се прават дека знаат сè, трети се спремни да ви забијат нож в грб, а има и такви што постојано се жалат, обвинуваат и ја префрлаат одговорноста на другите. Не мора да ја замразите работата заради такви луѓе. Наместо тоа, применете ги овие неколку совети и полесно ќе се справите со нив.Како да се справите со лошите колеги?

Предвидете го нивното однесување и бидете подготвени

Ако некој колега многу ве нервира поради однесување кое постојано се повторува, недозволиво е да бидете изненадени кога тоа уште еднаш ќе се случи. Тој што цело време одбива да соработува и понатаму ќе го прави тоа, а тој што еднаш ве шпионирал кај шефот пак ќе го направи тоа. Тоа што веќе имате искуство со нив треба да го употребите во ваша полза. Спремете одговор за неизбежниот конфликт. Така ќе го избегнете гневот и ќе можете рационално да го решите проблемот.

Не поттикнувајте лошо однесување

Лошите колеги сакаат да предизвикуваат конфликти и уживаат во тоа. Иако е предизвикувачки гневно да им се спротивставите, тоа само ќе ве спушти на нивното ниво. Тие ја бараат борбата од вас, а со тоа вие великодушно ќе им ја дадете. Наместо тоа, покажете им го веќе спремениот одговор без лоши емоции. Многу е веројатно дека тогаш ќе се префрлат на некој друг да му додеваат. Кога не можете да се сложите, прекинете ја дискусијата со изјава од типот „имаме различни мислења за ситуацијава“, а ако колегата продолжи и понатаму, предложете му да го посетите вашиот заеднички надреден за да помогне во решавање на конфликтот.

Не сфаќајте ги лично

Како што веројатно знаете, конфликтните луѓе не војуваат заради проблемите што ги имаат со другите, туку поради проблемите што ги имаат со самите себе. Кога доаѓате во судир со таква личност, вие всушност сте само алатката која тие ја користат за да зајакнат својата ниска самодоверба и да се заштитат себеси. Тоа што тие ве напаѓаат токму вас не значи дека нешто кај вас не чини.

На крај, иако не постои вистински начин да се справите со лошите колеги, туку само да ги избегнете проблемите со нив, не заборавајте и на овие неколку совети за да не ја влошите ситуацијата.

  • избегнувајте „ти“ изјави и заменете ги со „јас“ тврдења. Подобро е да речете: „Мене ми се чини дека имаме проблем“, отколку: „Ти ги правиш проблемите“.
  • избегнувајте испади на гнев поради нивното некоректно однесување
  • избегнувајте сарказам
  • избегнувајте одбранбен став
  • и уште еднаш, не дозволувајте си да им го подарите конфликтот кој ним толку многу им е потребен



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар