Како да се справите со љубоморниот дечко?
Автор: Сара Турановиќ
На почетокот ви се допаѓа да го гледате вашиот дечко како станува љубоморен кога зборувате со други момци. Но, кога тој ќе почне да „полудува“ штом спомнете друг маж, па дури и најдобриот другар, тогаш вашите односи почнуваат да се нарушуваат.
Здравата врска се заснова на довербата на двајцата партнери. Ако вашиот дечко е љубоморен на секој кој ви се обратил значи дека се плаши дека ќе ве изгуби. Тоа е добро од него, бидејќи ве сака во неговиот живот, но за да успее вашата врска тој треба да научи да ви верува.
Еве неколку совети како да се справите со љубоморниот дечко.
1. Запознајте го со вашите машки пријатели
Ако е љубоморен кога се наоѓате во присуство на вашите машки пријатели, следниот пат поведете го со себе! Дозволете му да ги запознае сите ваши другари. Кога ќе сфати дека тие ве гледаат како своја сестра, ќе престане да се сомнева во вас.
2. Не го провоцирајте
Дали некогаш сте му дале причина за љубомора? Доколку постојано коментирате за момците на телевизија или пак на улица тогаш не е чудо што тој е љубоморен. Ако навистина знаете каков е тој, тогаш не правете работи кои ќе го налутат. Ставете се во негова позиција. Дали би ви било пријатно тој пред вас да коментира за други згодни девојки?
3. Откријте ја вистинската причина за љубомората
Дали знаете зошто тој е толку љубоморен? Ако неговата бивша девојка го изневерила, докажете му дека вие немате ништо заедничко со неа и дека не сте криви за тоа што таа го направила. Ако пак нема доволно самодоверба за својот физички изглед, одвреме-навреме давајте му комплименти со кои ќе сфати дека тој за вас е неодолив.
4. Направете компромис
Дали е љубоморен на еден маж? Ако навистина има добра причина за тоа, оддалечете се од таа личност. Секако не загрозувајте ги пријателствата кои постојат со години, но ако тоа е некој со кој претходно сте биле во врска или сте излегувале, тогаш неговата љубомора е оправдана.
5. Подарете му внимание
Кога сте на журка, опкружени со толпа мажи, не заборавајте да му посветите внимание на вашиот дечко. Ова не значи дека цело време треба да бидете еден до друг, но не е во ред да го занемарувате партнерот поради другите.
6. Разговарајте со пријателите
Ако вашиот партнер е љубоморен на одреден ваш пријател, тогаш разговарајте со него и упатете го во моменталната ситуација. Нема потреба постојано да ве прегрнува кога сте со својот дечко. На тој начин нема да го изгубите вашиот пријател и вашиот дечко ќе го направите среќен.
7. Поставете правила
Вашиот дечко не може да ви забрани да се гледате со вашите пријатели додека тој има голем број пријателки. Ако љубомората е без посебна причина, седнете и зборувајте. Поставете правила до кои ќе се придружувате и двајцата. Бидете фер еден спрема друг.
8. Научете да кажете кога е доста
Ако веќе сте пробале на љубезен начин да го решите овој проблем и не успеало, време е да ги прекршите правилата. Кажете му дека неговото однесување е неправилно и дека мора да се промени ако навистина му значите. Не може да бидете во врска со некој кој постојано ве ограничува со својата љубомора.
9. Прекинете ја врската
Ако и покрај сите ваши обиди вашиот партнер не сака да го смени неговото однесување, единствено нешто што ви преостанува е да ја прекинете врската. Не може да бидете во врска во која и двајцата би биле несреќни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.