Како да се справите со хроничната болка?
Ве мачи хронична болка, но не знаете како да се справите со неа? Во продолжение прочитајте ги нашите совети кои не само што ќе ви донесат моментално олеснување туку и ќе го направат вашиот живот поздрав и посреќен.
Посетете го вистинскиот лекар
Не мора да значи дека вашиот доктор ви ги дава вистинските совети за справување со хронична болка само поради тоа што го посетувате со години. Можеби треба да започнете со алтернативна медицина, физикална терапија или да се консултирате со друг лекар. Иако новиот лекар нема да ви пронајде магичен лек за вашиот проблем, но може да ви даде нови опции за олеснување на вашата болка.
Бидете активни
Секогаш кога умот му ги испраќа на телото тие ужасни сигнали на болка, важно е да не претерувате со вежбање, но, од друга страна, лежењето на каучот воопшто нема да помогне. Во таквите моменти можете да правите бавни вежби за истегнување, да посетувате часови по јога за почетници или едноставно, да излезете на мала прошетка. Во секој случај, најдобро е да се консултирате со лекарот кој ќе ви даде препораки за вашите физички активности.
Не запоставувајте го вашето хоби
Знаеме дека хроничните напади на болка можат целосно да ви ја исцрпат и волјата и енергијата, па така единственото нешто што сакате да го правите во тие моменти е да се одморите. Сепак, вашето тело и умот ќе ви бидат благодарни доколку успеете да соберете сили доволно долго за да ја надминете болката. Така, наместо да останете в кревет, можете да отидете на кино со пријателите, или во омиленото кафуле каде ќе уживате во шолја топол чај со книга. Не заборавајте дека вашето хоби може да го дефокусира умот од болката!
Разговарајте за вашите проблеми
Доколку вашата хронична болка влијае не само врз вашето тело, туку, целокупно, врз вашиот живот, време е да поразговарате со некого за проблемите со кои се соочувате. Ова може да биде особено корисно за оние кои страдаат од „невидливи болести“ како мултиплекс склероза или фибромијалгија. Луѓето можеби нема да бидат свесни и нема да ја разберат целосно болката низ која поминувате, но ако им објасните, тие ќе разберат како болката влијае врз вашиот живот. Така, членовите на семејството, колегите, соработниците и пријателите ќе знаат како да ви пристапат. Сознанието дека постојат луѓе кои се тука за вас, може навистина да ви помогне полесно да се справите.
Откако ги прочитавте нашите совети за справување со хронична болка, можеби ќе сакате да прочитате и за истражувањето како да ги избегнете лековите за болка користејќи го вашиот ум.
Извор: allwomenstalk.com