Како да се справите со бесот?

Како да се справите со бесот?

Животот е процес во кој се соочуваме со најразлични ситуации и предизвици – некои од нив нѐ прават среќни, расположени, радосни и весели, а некои нѐ прават тажни, разочарани, лути, па дури и бесни. Кога подобро ќе обрнете внимание, овие негативни емоции, посебно бесот и лутината имаат полошо влијание врз вас и вашата психа, отколку на личноста на која се лутите. Всушност, бесот е едно од најсамодеструктивните чувства, кое за жал, понекогаш е неизбежно. Во тој контекст, прочитајте ги 5-те едноставни совети како да се справите со лутината.

Како да се справите со бесот?

1. Дишете длабоко

Процесот на дишење е директно поврзан со состојбата на нашиот мозок и кога сме вознемирени дишењето станува плитко и брзо. Но, ако свесно се натераме да го продлабочиме дишењето и да дишеме бавно и длабоко, мозокот добива дразба дека телото е опуштено и како последица и самиот се смирува. Следниот пат кога сте лути и бесни, започнете да дишете од стомакот, преку градите, до врвовите на белите дробови – лесно, бавно и длабоко, и забележете како вашето расположение полека се менува.

2. Променете ја ноздрата на која дишете

Ова е еден несекојдневен, медицински трик кој гарантирано помага. Познато е дека човекот обично има една ноздра која е поактивна од другата и најчесто дише само преку неа. Проверете преку која ноздра воздухот подобро поминува, затнете ја и 3 минути дишете на другата ноздра.

3. Направете нешто корисно

Секоја емоција е всушност енергија обоена со нашите претходни искуства. Бесот е исклучително силна енергија и замислете колку добри и корисни работи можете да направите со таа сила. Исчистете ја куќата, трчајте, одете на јога, направете некој деликатес… Не само што ќе се разведрите, туку и ќе имате корист од целиот процес.

4. Направете ја положбата сечење на дрва

Раширете ги нозете, благо свиткајте ги колената, спојте ги прстите како да држите секира и со вдишување подигнете ги рацете над главата. Потоа, веднаш издишете замавнувајќи со рацете надолу, како да сечите дрва. За посилен ефект, ова можете да го правите над креветот, каде со секое издишување ќе удирате на него, за подобро ослободување од бесот.

5. Отворете го срцето

Кога сме лути, функционираме од главата и интелектот, а срцето ни се затвора. Со дланката тријте го просторот на нивото на центарот на градите, правејќи впечаток дека секое вдишување и издишување поминува низ срцето. Набргу ќе почувствувате олеснување и ќе можете објективно да ја согледате ситуацијата која ве вознемирила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар