Како да се справите со акните на грбот?
Акните се секогаш здодевни, без разлика во каква форма се појавуваат. Но, оние на вашиот грб се особено фрустрирачки затоа што се тешки за досегнување, па мора да ги оставите самите да исчезнуваат. За среќа, постојат неколку трикови со кои можете целосно да го спречите нивното појавување.
Носете широка облека
Одбирајте парчиња кои се направени од памук и други материјали низ кои вашата кожа ќе може да дише. Сè што е премногу тесно, несоодветно лежи на вашето тело или ве затега, влијае негативно на вашата кожа.
Држете ја косата настрана од вашиот грб
Откако ќе ја измиете косата, соберете ја во висока пунџа и потоа измијте го вашето тело со цел да не остане дел од шампонот или регенераторот на вашиот грб. Исто така, кога е премногу топло и се потите, секогаш собирајте ја косата за да може вашиот грб да дише.
Често перете ги градниците
Погрижете се сè што допира на вашиот грб да е чисто, особено градниците. Најдобро е доколку ги перете градниците секој втор ден, а облеката еднаш неделно.
Туширајте се веднаш по вежбањето
Не дозволувајте потта да се исуши на вас, па истуширајте се што побрзо можете откако ќе завршите со вежбањето. Целта е да се отстрани потта пред таа да има можност да се насобере околу фоликулите и да создаде акни.
Обидете се со друг детергент за алишта
Миризливите детергенти за алишта можат да ја иритираат кожата и да ја поттикнат појавата на акните. Најдобро е доколку се одлучите за детергент кој не содржи парфем или оној кој е наменет за чувствителна кожа.