Како да се сакате во 20-тите, кога тоа ви е најпотребно
Да се биде возрасен значи да се извлече најдоброто од секоја ситуација, дури и ако е лоша. Наоѓањето нови перспективи и авантури е важно за да ги отворите вашите срце и ум кон светот. А со малку грижа за себе, ќе сфатите дека можете да постигнете многу.
1. Дајте си одмор
Престанете да се споредувате со другите. Штом ќе почнете претерано да размислувате и да си создавате нереален притисок, работите ќе се комплицираат. Секој е на својот пат и нема смисла да следите некого кој не го живее вашиот сон. Ќе биде страшно сами да си го поплочите патот, но имајте на ум дека веќе сте стигнале до овде и сте научиле многу. Веројатно сте направиле грешки и ќе направите уште повеќе. Но тоа се моментите кога сте најчовечни и кога го добивате најпотребното искуство. Дозволете си да се расплачете пред другите, па дури и да спиете до пладне. Само секогаш застанувајте на нозе. Единственото нешто што можете да го направите е да го дадете најдоброто од себе.
2. Наспијте се
Човечкиот мозок работи многу подобро по квалитетен сон. Можеби ви било забавно да останувате будни цела ноќ кога сте биле тинејџери, но сега сфаќате дека имате потреба од сон. Да се сакате себеси значи и да се грижите за себе, макар и на наједноставниот начин. Со пренатрупаниот распоред сигурно си скратувате од сонот, заборавајќи дека со него многу полесно би ги завршувале задачите. Ако сте под стрес и се чувствувате изморено од животот, постои голема можност да не спиете доволно. Можно е да останувате будни до доцна правејќи разни сценарија во главата, или пак гледате неколку епизоди повеќе од планираното. Направете си услуга и исклучете ги сите електронски направи 1 час пред спиење. Ќе се чувствувате многу подобро.
3. Следете ја својата страст
За да се сакате себеси потребно е да се потрудите. Важно е да откриете што е она што ве кочи и да сакате да го промените вашиот живот. Важно е да ги следите вашите страсти и да останете приземјени. Можеби некогаш сте се чувствувале изгубено или имало денови кога не сте биле вие. Во тие моменти е навистина лесно да останете во кревет и да се однесувате како светот да ве изневерил. Вратете им се на нештата коишто ги сакате и сигурно ќе се чувствувате подобро.
4. Останете блиски со пријателите
Вашите пријатели се семејството кое сте го одбрале. Тие ќе ве потсетат дека животот и смеата често одат заедно. Дури и ако најдобриот пријател живее во друга држава, денес е многу лесно да останете во контакт. Овие луѓе биле со вас и во добри и во лоши ситуации и ќе останат да ве поддржуваат. Голема е веројатноста дека некои од нив се чувствуваат исто како вас. Кога сте во 20-тите речиси никогаш не сте сами бидејќи секогаш има барем една личност која знае како се чувствувате.
5. Направете и другите да се чувствуваат одговорно
Можеби ви се има случено да се откажете кога требало да застанете на своја страна. Се случуваат недоразбирања, но не треба да бидете пасивни во врска со нив. Понекогаш е во ред пријателите да ви откажат за на кафе или за излегување, но ако навистина се почувствувате повредени, кажете го тоа. Нема потреба од расправија или долг разговор, но важно е да ги научите другите како да ве сакаат. Го заслужувате најдоброто и не дозволувајте најблиските луѓе да ви предизвикуваат проблеми.
6. Соочете се со вашите стравови
Помислете на нешто што навистина ве плаши. Колкави се шансите тоа навистина да се случи? Дали е поврзано со некоја ваша страст? Како би се чувствувале ако сè излезе како што треба? Важно е да се соочувате со вашите стравови додека учите како да се сакате бидејќи си предизвикувате непотребни проблеми кога им обрнувате премногу внимание. Ако сте чекале да бидете „подготвени“ за што било, сега е време да ризикувате и да сфатите што е она што ве кочи.
7. Најдете ја позитивната страна
Кога ќе се туширате, наместо да мислите на нештата кои треба да ги направите, помислете на 3 нешта што ги сакате за себе, за вашиот ден и за светот. На овој начин ќе имате повеќе контрола над вашиот ум и над вашите реакции. Да ја гледате чашата половина полна е одлична идеја и ќе сфатите колку можности ви нуди светот. Ќе го промените целото опкружување само со менување на вашата перспектива.
8. Дишете длабоко
Едноставно, дишете. Вдишувајте неколку секунди и издишете го целиот стрес. Опуштете ги рамената и забележете како свесноста за тоа ви го подобрува расположението. Веројатно веќе имате слушнато за медитација, па сега е време да ѝ дадете шанса. Свесноста за дишењето и дозволување на телото да работи најдобро е најлесниот начин да се сакате себеси.
Прочитајте ги и 10-те животни лекции кои треба веднаш да ги научите.