Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo? - Part 2

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Уживајте во природата

Кога ја имате природата околу себе, всушност не сте сами. Најдете го најблиското, најтивкото место опколено со природа и уживајте во звуците. Тоа ви помага да ги ослободите сетилата, да се опуштите и да бидете позитивни. Да, сите ја сакаме цивилизацијата, градот и гужвите бидејќи така чувствуваме дека не сме сами, дека има многу луѓе како нас, но понекогаш да бидете насамо со природата ќе ви годи повеќе од сè.

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Изгубете се во друг свет

Сосема навлезете во некој друг свет, фантастичен и мистичен. Почнете некоја добра книга или пуштете филм за кој сте прочитале позитивни препораки.

Вежбајте

Малку пот нема да ве убие. Ослободете ја сета негативна енергија и „наполнете се“ со „среќни“ хормони. Кој е вашиот стил на вежбање? Можеби преферирате пешачење, џогинг, зумба, аеробик, бокс… или некој ваш личен стил? А ако немате свој стил на вежбање, откријте го сега.

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Препуштете ѝ се на вашата страст

Без разлика која е вашата страст, препуштете ѝ се целосно. Доколку сакате да пишувате, напишете кратка приказна, доколку сакате да читате, сторете го тоа, можеби сакате да готвите, рачно да изработувате предмети, сеедно. Оставете вашата страст да ве води.

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Бидете свои

Сега е вистинско време да се опуштите и да бидете свои. Не мора да трчате, да исполнувате обврски или пак да задоволувате нечии потреби и барања.

Понекогаш корисно е да бидеме сами со своите мисли, но не свикнувајте на осаменоста. Всушност најважно е да умеете да ја споделите вашата среќа или тага со најблиските, но и да умеете да се носите со тоа дека на моменти ќе бидете сами со себе и дека тоа воопшто не е застрашувачко.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар