Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Тоа што во моментот сте сами или се чувствувате осамено не мора да значи дека навистина сте препуштени сами на себе. Чувствувате дека сте сосем сами, здодевно ви е, почнувате претерано да размислувате, сите ваши пријатели се зафатени со своите животи, а дури ни времето не ви оди во прилог. Тоа не значи дека вие сте осамени личности, едноставно во моментот нема никој покрај вас. Ова се 10 одлични начини да се развеселите самите, а можеби и да откриете некоја нова страст.

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Време е да станете рок ѕвезда

Облечете се како вашата омилена музичка ѕвезда или идол, грабнете нешто што ќе ви послужи како микрофон и пејте дури гласот не ви засипне. Пеењето, танцувањето па дури и свирењето на некој инструмент ќе ви помогне да ја исфрлите целата негативна енергија. Не грижете се ако воопшто не сте талентирани на ова поле, секако никој не ве гледа.

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Уживајте во тишината

Некогаш и тишината е добра. Всушност во разбрануваните денови полни со обврски би дале сè за да можете макар 10 минути да поминете сами со својата тишина. Во тишината може да си ги чуете сопствените мисли. Искористете го ова време за медитација, па дури и ако тоа за вас подразбира само седење во тишина и слушање на ветрот.

Разгалете се себеси

Во овој момент целиот свет се сведува на вас. Никој не ве малтретира и не ви бара дел од вашето слободно време, па слободно разгалете се. Направете го она што вам ви причинува задоволство, без разлика што и да е тоа. Слободно може да почнете и сосем ново хоби.

Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

Зацртајте си некаква цел

Може да станува збор за нов проект на работно поле или пак за некаква промена во вашиот изглед. Искористете го слободното време добро да го испланирате секој чекор, а првиот направете го токму денес. Најдете ја вашата инспирација во некој филм или книга што сте го/ја гледале или прочитале скоро. Изборот е огромен, а одлуката е ваша.

Слободно бидете „несредени“

Ослободете се од сите притисоци дека сè мора да биде средено по мерка. Едноставно опуштете се, пуштете ја вашата омилена серија, останете по пижами, препуштете се на храната или пијалакот кој ви е сладок непријател. Можеби вино или чоколада?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар