Како да се промените себеси?

Како да се промените себеси?

Сите се соочуваме со периоди во животот кога сме незадоволни со себе и сакаме да се промениме. Промената бара соочување со стравовите, изложување на нови ситуации и секако, многу труд и трпение. И доколку не верувате дека сте способни за тоа, веруваме дека следниве совети ќе ви помогнат да се претворите во личноста која отсекогаш сте посакувале да бидете.

Како да се промените себеси?

1. Нови особини

Сите нови карактерни особини што сакате да ги имате, напишете ги на лист хартија. На пример, да бидете послободни, похрабри и поактивни. Така ќе знаете кон што целите и патот кон промената ќе ви биде многу полесен. Секако, ова е само почеток, чие остварување ќе ви даде храброст и сила за уште поголема борба и нови случувања.

2. Крај на лошите навики

Ставањето крај на лошите навики е еден од мотивите за промена. Почнете со совладување на онаа што најмногу ви пречи. Нема да биде лесно, но доколку се фокусирате и доволно се потрудите секако дека ќе успеете.

3. Нови пријателства

Доколку не ви се допаѓа каков ви е животот, дел од проблемот можеби лежи и во луѓето што ве опкружуваат. Дадете си слобода и време да запознаете нови пријатели, кои ќе ви помогнат да постанете она што отсекогаш сте посакувале да бидете. Избегнувајте ги негативните луѓе, кои не веруваат во вас и не ве поттикнуваат на промена.

4. Идентитет

Пронајдете нешто преку кое ќе се идентификувате. За некои тоа е семејството, за други пријателите или пак кариерата. За момент застанете и размислете кој од овие аспекти најмногу ве дефинира. Токму таму треба да се вложите најмногу и да ги промените нештата кои не ви се допаѓаат.

5. Стара страст

Сите имаме соништа кои поради одредени причини сме биле принудени да ги заборавиме. Сега е време да им се посветите. Не е важно дали ќе успеете или не, важно е што таквото вложување ќе ви помогне полесно да излезете од зоната на комфорот. Ќе ви го промени начинот на кој ќе гледате на животот и ќе ви создаде нова цел, која секојдневно ќе се трудите да ја остварите.

6. Работи што ве прават среќни

Одморете се од брзото темпо на живот и размислете за тоа што ве прави навистина среќни. Можеби тоа е некое ново хоби или поминување повеќе време со семејството. Кога ќе сфатите кои се нештата што навистина ве прваат среќни, ќе се освестите колку време залудно сте потрошиле и ќе почнете да уживате во моментот.

7. Реални очекувања

Некои луѓе си поставуваат нереални очекувања кога сакаат да се променат себеси и сметаат дека тоа може да се постигне за само две недели. На пример, доколку сакате да ослабете, не посакувајте уште веднаш да се симнете 10-15 килограми, туку постепено работете на остварувањето на целта, што ќе ве мотивира, наместо да ве фрустрира.

8. Позитивност

Не може да се промените себеси доколку постојано имате негативен став. Почетокот на секоја промена е вербата во себе и позитивниот став. Можеби звучи како клише, но несомнено е точно. Колку попозитивни сте, толку полесно ќе чекорите кон патот на новото јас.

9. Кариера која ќе ве исполни

Многумина од нас менуваат многу работни места и повторно се чувствуваат незадоволни. Затоа, важно е да се направи разлика меѓу кариерата наспроти работното место. Кариерата е нешто во кое уживате и со кое се гордеете. Доколку си ја мразите работата, потрудете се да ја најдете кариерата за која сте створени. Можеби тоа ќе бара поголем ангажман, подлабоко образование, но на крајот секако ќе се исплати и ќе направи да се чувствувате задоволни и среќни.

10. Игнорирање на мислењето на другите

Луѓето секогаш ќе ве осудуваат, без разлика дали ве познаваат или не. Престанете да им обрнувате внимание на критиките, освен ако истите не се конструктивни и добронамерни. Кога ќе се ослободите од товарот постојано да им удоволувате и да ги импресионирате останатите, ќе сфатите колку всушност сте подобри од ставот што тие ви го наметнале за вашата личност.

11. Визуелизација

Тешко дека ќе успеете да се промените себеси без да го визуелизирате она што сакате да го постигнете. Покрај тоа, користете мотивациски пораки, кои секојдневно ќе ве потсетуваат да не се откажете и да одите до крај. Важно е да почнете, а на крајот веруваме дека ќе успеете во она што сте го намислиле. Среќно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар