Како да се откажете од луѓето кои постојано ве повредуваат?
Искуството е еден од најдобрите учители. Кога ќе погледнете наназад пред 15 години, често се каете зошто тогаш не сте знаеле некои работи, или не сте постапиле поинаку… Но, тоа сега е готово, важно е дека сте присутни овде и сега и дека сега сте подготвени да го примените она што ве научил животот.
Една од најголемите животни лекции е дека никогаш не треба да се откажувате од самите себе туку да се откажете од луѓето кои ве повредиле. Како може човек да почне да се цени себеси и да се откаже од луѓето кои постојано го повредуваат? Прочитајте ги нашите совети.
1. Поставување приоритети
На почетокот изгледа како игра, но навистина е тешко да не им дозволите на другите да го „креираат“ на некој начин вашиот живот. Сепак, не заборавајте дека не е важно дали сте совршени за другите туку важно е она што го носите во себе.
2. Слушнете ги вашите внатрешни потреби
Вашата енергија е драгоцена и мора да биде тука за да му служи на вашиот личен развој, слушајќи се себеси и давајќи им приоритет на внатрешните потреби.
3. Не секој го заслужува вашето срце
Кога ќе почнете повеќе да се цените себеси, сфаќате дека не сите имаат најдобри намери и дека околу вас има токсични луѓе. Анализирајте ги односите со секој член од вашиот затворен круг и дознајте кои се луѓето кои се секогаш со вас, а кои ви ја трошат енергијата, ве изневеруваат и повредуваат.
4. Простете, но не се поврзувајте повторно
Кога сте разочарани од некоја личност, чувствувате горчина, тага, вознемиреност, но важно е да простите – тргнете го тој товар. Тоа не мора да значи дека треба повторно да се зближите со личноста која ве повредила неколку пати, кажете ѝ дека ѝ простувате и дека не можете повеќе да продолжите со истиот однос. Време е некои подобри и повредни луѓе да ја пополнат празнината.
Откако прочитавте како да се откажете од луѓето кои ве повредуваат, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да ги апсорбирате туѓите емоции и енергии.
Извор: sensa.mondo.rs