Како да се ослободите од туѓите очекувања и да го живеете животот по ваши правила?

Како да се ослободите од туѓите очекувања и да го живеете животот по ваши правила?

Повеќето од нас го минуваме животот плашејќи се за туѓото мислење. Живееме со безброј очекувања кои можат да создадат вистински притисок. Проблемот со многу од овие верувања и очекувања е тоа што стануваат потсвесни, веќе не ги ни забележуваме во поголемиот дел од времето.

Како да се ослободите од туѓите очекувања и да го живеете животот по ваши правила?

Но, без разлика дали сте свесни за нив или не, овие очекувања ве истрошуваат и ве присилуваат да живеете живот што не се совпаѓа со вашето вистинско јас. Можеби најлошата судбина за една личност е да не го открие својот вистински потенцијал поради мислењата и чувствата на оние околу неа, дури и ако тие луѓе се саканите.

Па, време е да научите како да кажете не, да ги одбиете смешните очекувања на другите кои не сакаат да направат ништо друго освен да ве уништат како што животот ги уништил нив. Тие само бараат некој што ќе биде мизерен заедно со нив.

Но, вие нема потреба да бидете мизерни. Вие имате вистина за учење и нешто посебно и уникатно за искажување. Ова ќе го постигнете само ако живеете по ваши правила. Па, погледнете како да се ослободите од туѓите очекувања и да го живеете животот како што вие сакате.

Не можете да ги достигнете сите очекувања

Размислете за момент како би изгледал вашиот живот ако сте живееле според сите очекувања на општеството.

  • Веројатно би биле доктор, адвокат или инженер.
  • На работа би носеле костим ако сте машко и фустан ако сте женско.
  • Би гледале спорт во слободно време.
  • Би имале автомобил, куќа и работи што ги имаат милиони други луѓе.

Иако се малку, овие примери одлично ги прикажуваат општествените очекувања. Вашиот живот би бил збир од смешни работи доколку сте ги следеле сите овие очекувања. Не можете да живеете среќен живот на овој начин.

Наместо тоа, застанете и разгледајте околу вас. Ќе видите дека сите се обидуваат да ја фатат сопствената опашка, па погледнете каде ги однело тоа.

Следно, важно е да знаете каде да одите.

Следете го чувството

Сега кога сте ослободени од туѓите очекувања, време да се пронајдете себеси. Тоа ќе го направите ако излезете надвор и се вратите во игра. Обидете се да се сетите на чувството кога сте биле помлади и кога сте си играле само со помош на вашата имагинација и со неколку играчки.

Кога сте биле мали сте го следеле она што ви било најневеројатно во тој момент. Можеби сте имале помалку трпение, но барем сте се движеле кон нешто. Обидете се и сега да најдете нешто што ве фасцинира. Тоа може да биде што било – уметност, филм, настан, држава… Потоа искусете го со целото ваше битие, дозволете му да ве обземе. Продолжете да го следите ова чувство во секое ново искуство и ќе забележите дека сте почнале да формирате нов, свеж идентитет.

Овој нов идентитет е вашето вистинско јас бидејќи ја следите ваша муза, го следите чувството на возбуда што може да ви го понуди животот без очекувањата на родителите, колегите и пријателите да демнат над вас.

Животот го губи своето значење кога ја заборавате вредноста на искреното искажување, кога се претвора од авантура во долга листа на обврски. Ослободете се од помислата дека сите треба да мислат дека сте нормални и дека сте сосема во ред додека всушност страдате. Немате никаква одговорност да живеете според туѓите очекувања. Всушност, кога ќе земете предвид колку многу се, тоа е практично невозможно.

Погледнете и кои се работите што вие треба да престанете да ги очекувате од другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар