Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Стриите се проблем со којшто се соочуваат речиси 90% од жените по бременоста, а можат да се појават и кај мажите и тинејџерите. Многумина ги гледаат како проблем и сакаат да се ослободат од нив. Ако и вие спаѓате во оваа група, следниве совети ќе ви помогнат во тоа.

Што се стрии и кај кого се појавуваат?

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Стриите настануваат кога кожата е развлечена од брзо растење или растегнување. Поради ова можат да се формираат и лузни. Покрај бремените жени, стриите се појавуваат и кај други луѓе:

  • Тинејџери кои нагло пораснале во текот на летото
  • Атлети кои се многу физички активни
  • Бодибилдери кои често ја менуваат телесната тежина
  • Луѓе кои користат стероиди
  • Луѓе кои нагло ослабеле
  • Луѓе кои нагло се здебелиле
  • Луѓе кои направиле операција за зголемување на градите
  • Луѓе со тенка кожа
  • Луѓе со генетска предиспозиција
  • Луѓе со проблеми со хормоните

Продукти кои ги спречуваат, но не ги лекуваат веќе настанатите стрии

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Најпопуларните продукти кои тврдат дека ќе ви помогнат да се ослободите од стриите најчесто се маркетиншки трик. Ако сакате да ја спречите појавата, овие продукти ќе ви помогнат, но ако мислите дека ќе се ослободите од лузните кои сте ги имале претходно, се лажете.

  • Специјалните креми и лосиони се само обични креми за навлажнување и не можат да ги отстранат стриите од кожата.
  • Козметичките продукти што содржат третиноин, колаген и хиалуронска киселина нема да ви помогнат да се ослободите од стриите и покрај активните супстанци.
  • Маслата (кокосово, бадемово, маслиново, со витамин Е и други) нема да ги отстранат стриите дури и ако редовно се масирате со нив.
  • Медицинските тревки како алое вера не можат да ги отстранат стриите.

Ефективен метод

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

За жал, не е возможно да се ослободите од стриите. Но ова не е лошо бидејќи тие немаат никакво влијание на вашето здравје. Сепак, ако не ви се допаѓа нивниот изглед можете да ја намалите нивната видливост и тоа со триење и пилинг. Пилингот со кафе, мед и шеќер може да помогне. На овој начин ќе го отстраните горниот слој од лузните, па стриите сè повеќе ќе наликуваат на здрава кожа и ќе бидат речиси невидливи.

Сигурни професионални методи

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Се разбира, можете да добиете одлични резултати со помош на козметичар или хирург. Има многу методи кои ја користат модерната технологија за ослободување од стриите.

  • Пилинг: За разлика од пилинзите направени од природни компоненти, во овој случај се употребуваат агресивни хемиски супстанци. Во повеќето случаи се користи и локална анестезија.
  • Микродермоабразија: Ова е болна процедура бидејќи се отстрануваат неколку слоеви од епидермисот со помош на кристали на алуминиум оксид. Методот ја присилува новата помлада кожа да расте побрзо.
  • Ласер: Ласерската терапија е еден од најновите и најефикасните методи. Ласерот ја отстранува кожата и има влијание на подлабоките слоеви. Понекогаш процедурата се изведува со локална анестезија. Добро е што овој метод не е многу скап и речиси и да нема несакани ефекти.
  • Пластична операција: Понекогаш луѓето го одбираат овој метод за отстранување на оштетената кожа и заменување со поздрава. Овие операции се навистина скапи и периодот на заздравување може да трае и до 8 месеци. Покрај тоа може да ви останат лузни од операцијата.
  • Мезотерапија: Во инјекциите за мезотерапија има многу корисни супстанци како хиалуронска киселина и витамини. Ова е одличен метод за спречување на појавата на стрии и е многу поефективен од кремите и лосионите со исти супстанци.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар