Како да се ослободите од испуканите врвови, еднаш засекогаш?

Како да се ослободите од испуканите врвови, еднаш засекогаш?

Секој пат кога ќе ви потпорасне косата и ќе отидете на фризер да ја скратите, вашата фризерка ги отстранува испуканите врвови, но тоа повторно ве враќа на истата должина од претходно, па сонот за долги прамени кои паѓаат на вашиот грб и гради одново станува далечен. Ова е случај со повеќето девојки и жени кои сакаат да ја пуштат косата, но не можат бидејќи постојано настануваат распукани врвови.

kako-da-se-oslobodite-od-ispukanite-vrvovi-ednash-zasekogash-kafepauza.mk

Добра вест е што постојат начини овој ефект значително да го намалите, но мора да бидете внимателни, педантни и упорни кога станува за грижата за вашата коса. Постојат работи кои не треба да ги правите, како и такви кои доколку ги применувате, ќе направат чуда за вашата неиспукана коса.

Најпрво скратете ја косата, а потоа барем еден месец не правете го ова:
  • Немојте да користите фигаро или пегла за коса повеќе од еднаш неделно
  • Немојте да спиете со фатена коса
  • Не вртете прамени помеѓу прстите во текот на денот
  • Не сушете ја косата со фен од блиску
  • Не користете чешли и четки кои го кршат влакното
  • Не чешлајте ја косата кога ви е мокра
  • Не тријте ја грубо косата со пешкирот после миење
Затоа  пак, ова се релативно евтини производи кои многу ќе ви помогнат:
  • Кокосово масло
  • Маска од мед и маслиново масло
  • Маска од авокадо, јајце и маслиново масло


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар