Како на природен начин да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Како на природен начин да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Никој не сака да има штетници во домот, но хемиските пестициди се премногу токсични и не е безбедно да ги користите во близина на вашето семејство. Па, погледнете како на едноставен и безбеден начин да се ослободите од инсектите во вашиот дом.

1. Лебарки

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Лебарките разнесуваат многу опасни болести. Постојат многу продукти што ќе ви помогнат да се ослободите од нив, но обично се премногу отровни. Едноставен начин да се справите со лебарките е да исечкате еден кромид и да додадете една лажица сода бикарбона. Потоа нанесете ја смесата во ќошевите од домот. Нанесувајте сè додека не се ослободите од лебарките.

2. Крлежи

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Крлежите можат да бидат во разна големина и боја. Важно е да се заштитите од нив бидејќи можат да нанесат многу штета. Ако не сакате да нанесувате пестициди на вашата кожа, пробајте ги овие природни препарати.

  • За луѓе: Измешајте 20 капки есенцијално масло од роза, 10 капки масло од слатка трева, 5 капки масло од лаванда, 5 капки масло од лимон и една лажичка алкохол. Растворете ја мешавината во 100 милилитри оцет или во вода и ставете ја во шише со пумпа. Протресете добро и испрскајте ја облеката пред да излегувате надвор.
  • За кучиња: Кучињата често се мета на крлежите, па важно е редовно да ги проверувате. Измешајте 20 капки масло од роза и масло од бадем и нанесете дел од смесата на ремчето на вашето куче. Немојте да ја употребувате смесата на мачки или бремени животни.

3. Штетници во градина

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Штетниците можат многу да ѝ наштетат на вашата градина. Постојат многу пестициди, но доколку одгледувате овошје и зеленчук не е препорачливо да ги користите. Наместо тоа, измешајте 70 грама лути пиперки со 70 грама лук или кромид и блендирајте додека не добиете паста. Измешајте ја пастата со 500 милилитри топла вода. Оставете ја смесата да отстои 24 часа на топло место, а потоа испрскајте ги растенијата со неа.

4. Пајаци

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Дури и кога нема отровни пајаци во околината, сигурно не сакате да ги имате во домот. Ова средство нема да ги убие пајаците, но ќе ги држи настрана од вашиот дом. Измешајте 5-10 капки масло од нане, 200 милилитри вода и 1/4 лажичка течен детергент. Добро измешајте и испрскајте ги проблематичните места. Маслото од нане можете да го замените со масло од еукалиптус, лаванда или масло од чајно дрво.

5. Мравки

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Мравките како да се појавуваат од никаде и често се завршуваат во вашата кујна. Ако имате мравки во вашата кујна, можете да ја направите помалку привлечна за нив. Наводно мравките го мразат мирисот на цимет. Ставете малку цимет на местата од каде што мислите дека влегуваат. За подобри резултати додајте и некое есенцијално масло.

6. Прашински грини

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Овие суштества се толку мали што не можете да ги видите со голо око. Но, тоа не значи дека не се во вашиот дом. Тие живеат во прашина, сакаат потопли места и омилена храна им е кожата. Со други зборови, најмногу сакаат да живеат во креветот. Иако грините не можат да ве каснат, можат да предизвикаат алергиски реакции. За да се ослободите од нив измешајте 6 лажички масло од еукалиптус со 1,5 лажичка течен детергент во кофа со вода. Во водата потопете ги постелнината и тоа што може да се испере. Сè што не можете да исперете, испрскајте го со течноста и избришете со чиста крпа. Доколку не ви се допаѓа мирисот на еукалиптус, можете да го замените со масло од чајно дрво.

7. Чурликарки

Како да се ослободите од инсектите во вашиот дом?

Ако оставите брашно, житарици или ориз отворени, голема е веројатноста да се појават овие бубачки. Тие сакаат зрна и семиња, но можат да се појават и во брашното. Бидејќи сигурно не сакате да употребувате хемиски пестициди во вашата храна, можете да се ослободите од нив на друг начин. Наводно, чурликарките го мразат мирисот на ловоров лист. Па ставете еден лист во храната или околу садовите за да ги држите бубачките настрана.

Дали знаете кои паразити можеби живеат во вашето тело?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар