Како да се ослободите од дамките на лицето предизвикани од сонце?

Како да се ослободите од дамките на лицето предизвикани од сонце?

Дамките на лицето предизвикани од сонцето естетски не изгледаат добро, па кога ќе се појават, секој сака да се ослободи од нив или барем да им ја намали видливоста на најбрз можен начин. Овие дамки се појавуваат поради зголемена концентрација на пигментот меланин, а тоа пак настанува како последица од прекумерното изложување на сонце без соодветна заштита. Фактор можат да бидат и гените, стареењето на кожата, нерамнотежата на хормоните, стресот, бременоста, акните и разните штетни хемикалии во кремите за лице.

Како да се ослободите од флеките на лицето предизвикани од сонце?

Носот, образите и челото се најистакнатите делови кога сте изложени на сонце, па токму поради тоа, дамките најчесто се појавуваат во тие предели. Во зависност од типот на вашата кожа, односно дали имате светла или темна, тие можат да бидат посилно или послабо изразени. Кај личностите со посветол тен, дамките се поизразени поради големата количина на пигментот феомеланин кој се наоѓа во кожата. Трајното отстранување е невозможно, но со соодветна заштита и богата исхрана со витамини, може да се спречи нивното ширење и настанувањето на нови.

Како да ја спречите појавата на дамки на вашето лице?

За почеток, потребно е да посетите дерматолог за да може да утврди каков тип кожа имате и да ве советува како правилно да ја третирате за да избегнете појава на несакани последици. При секое изложување на сонце, користете крема со висок фактор на заштита, а можете да носите и капа или шешир за вашето лице да не биде директно изложено на сонце. Повеќето козметички третмани за отстранување дамки ни се финансиски недостапни, а некои од нив дури не се ни препорачуваат, бидејќи можат да бидат штетни за нежната кожа на лицето. Природните креми и препарати секогаш се добредојдени за здравјето на организмот, како и за негово лечење, па според тоа, и во овој случај најдобро е да ги користите нив.

Како да се ослободите од флеките на лицето предизвикани од сонце?

Дерматолозите советуваат за најефикасно избелување на дамките предизвикани од сонце, да употребите крема од сладок корен, која треба да се користи во текот на есенските и зимските денови, но доколку се користи во летниот период, тогаш најдобро е да се нанесува како ноќна крема. Покрај слаткиот корен, можете да употребите и некои други лековити природни намирници: лимонов сок – содржи киселина која ги отстранува дамките, ја дезинфицира кожата и ги стеснува порите, папаја – ја чисти и регенерира кожата и го спречува создавањето на меланин, магдонос – богат е со витамини Ц и А, што е значаен фактор за ублажување на дамките на лицето.

Не ја запоставувајте кожата на лицето, пружете ѝ секојдневна нега и заштита, а таа ќе ви врати со својот убав и здрав изглед.

Прочитајте повеќе и како да воочите дека кожата на вашето лице старее пребрзо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар