Како да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?

Како да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?

Многу е тешко да се најде некој кој ќе ви ја возврати љубовта во иста мера. Најчесто една од двете личности страда повеќе, а истовремено и губи повеќе. Никој не може со сила да се натера да сака некого, но затоа, може да научи да го контролира своето однесување. Доколку и вие неодамна сте скршиле нечие срце, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да ја задржите почитта и стабилноста во вашиот живот.

Како да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?

Ценете ги

Во никој случај не значи дека вие треба да си ги принудувате вашите чувства, но, сепак, задржете некои од нив. Бидете благодарни дека некој сепак видел нешто посебно во вас, нешто што го привлекувало и што правело да се бори, да ви прости за многу работи и да ги заборави сите непријатности, само за да биде со вас. На оние на кои им го имате скршено срцето, дајте им до знаење дека го цените сето она што го направиле, дека и вие сте се обиделе да одржувате некоја рамнотежа затоа што сметате дека тоа било вредно да се направи. Во животот може да сретнете само една ваква личност или ни толку. Иако таа личност не ви одговара, сепак, обидете се да сфатите дека вие сте ѝ значеле многу и имате посебно место во нејзиното срце. Ценете ја затоа што сепак направила простор во нејзиното срце за вас, затоа што одвоила дел од своето време, дури и кога вие не сте во биле во можност да ѝ го подарите своето внимание. Само затоа што тие не биле „вистинските“, не значи дека не вредат ништо.

Не треба да ви служат за зголемување на егото

Чувството е прекрасно кога се наоѓате околу личности на кои им се допаѓате. Тоа ви дава самодоверба, а може да ви помогне и во моментите кога вербата во себе ви е нарушена од некој од поранешните партнери. Но, не треба да останувате во нивно друштво само затоа што така се чувствувате подобро, а на тој начин правите тие да се чувствуваат полошо. Дури и ако ви станат добри пријатели, секое пријателство подрзабира и земање и давање. Кога некоја личност не ви значи ништо, тогаш не бидете себични и не земајте од неа нешто што знаете дека не сте во можност да го возвратите. Ако вашата причина е само за да добиете пофалби или комплименти, тогаш подобро е да се оддалечите.

Не давајте им лажна надеж

Ако веќе знаете дека некоја личност има чувства кон вас, а вие не можете на нив да возвратите во иста или слична мера, тогаш престанете да флертувате, да испраќате мешани сигнали или да давате празни ветувања. Никогаш не треба да се одлучувате да се состанувате со некој, ако не сте подготвени за тоа. Не трчајте по некоја личност за да ја потсетите дека постоите, ако потоа само ѝ го свртите грбот и си заминете. Не кажувајте дека некој ви недостига, ако навистина не го чувствувате тоа. Ако ви фали секс, тогаш постојат многу риби во морето.

Како да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?

Прифатете ги вашите грешки

Не е ваша вина ако во некоја личност не го пронајдете она што го барате. Но, тоа не значи дека намерно или ненамерно треба да си поигрувате со неа. Размислувајте зрело и прифатете кога ќе направите грешка. Притоа обидете се да сфатите како тоа влијае на другата личност, па не бидете горди да признаете дека сте погрешиле, дури и ако тоа го повредува вашето его. Вистинските мажи или жени не се оние кои не прават грешки, туку оние кои се спремни нив да ги прифатат.

Извинете им се затоа што сте ги повредиле, затоа што тие нема да направат ништо што вам би ви наштетило. Обидете се да гледате на нивното скршено срце од нивен аспект, па обидете се да ги разберете, затоа што после вас, тие можеби никогаш нема да погледнат друга личност на истиот начин. Не можете да ги промените своите чувства кон нив, но можете да го смените начинот како тие се чувствуваат. Во овој момент, тие можеби се прашуваат колку вредат, а нивната самодоверба е на многу ниско ниво. Не треба да ги сакате, но и покрај сѐ, треба да ги почитувате. Дајте им до знаење дека нивната самодоверба не зависи од тоа дали вие ќе ги сакате или не. Дајте им до знаење дека ви значат, како добри личности и пријатели. Не одете си од нивниот живот оставајќи ги со помислата дека никој нема да ги сака, само затоа што вие не можете да го направите тоа. Не оддалечувајте се во обид да се залажете дека тие никогаш не ви значеле ништо, зашто по одреден период може да сфатите дека тие сепак ви значеле, а тогаш да биде премногу доцна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар