Како да се облекувате за да изгледате послабо?

Како да се облекувате за да изгледате послабо?

Со сигурност сте забележале дека во одредена облека изгледате послабо, додека во некоја друга комбинација делувате подебело. Гардеробата која ја поседувате треба да ја комбинирате паметно, бидејќи таа може визуелно да ве направи повисоки и послаби. Следете ги следниве совети и секогаш ќе се чувствувате пријатно кога сте некаде излезени.

Како да се облекувате за да изгледате послабо

Бои

Во темни бои, секој човек изгледа послабо, но доколку претерате со црните нијанси можете да делувате депресивно. Наместо облека во црна боја, можете да носите парчиња со темно кафена, тегет, сива или маслинесто-зелена боја. Еднобојната облека визуелно ве извишува, затоа комбинирајте ги маиците или кошулите со пантолони во иста нијанса.

Дезен

Апликациите и шарите на облеката визуелно ве шират. Доколку имате понагласено стомаче или доколку имате проблеми со килограмите, избегнувајте да купувате облека која има шари на неа. Особено треба да ги избегнувате парчињата кои се направени со хоризонтални пруги.

Материјалот

Ткаенините кои сјаат ја нагласуваат вашата фигура. Во нив секогаш изгледате како да имате неколку килограми плус, па токму затоа голем број модни стилисти, ваквите парчиња најмногу им ги препорачуваат на ептен слабите луѓе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар