Како да се облекувате како Blair Waldorf?
Автор: Д. Џ.
Откако им помогнавме на момците во градењето на нивниот нов стил, овој пат подготвиме сличен водич за девојките. Ќе ве водиме низ стилот на вашата омилена девојка од „Озборувачка“ (Gossip Girl), Блер Волдорф (Blair Waldorf), која ја игра прекрасната актерка Leighton Meester. Во серијата Блер има мајка која е моден дизајнер, па не е ни чудо што Блер поседува одличен вкус и препознатлив стил на облекување.Тоа што всушност го дефинира стилот на Блер е дека таа е секогаш средена, облеката која ја носи е перфектно чиста, косата и е постојано на правото место, без ниедно праменче да стрчи каде што не му е местото. Таа никогаш не би направила комбинација од парчиња кои меѓусебно не одговараат, ниту би облекла нешто растегнато со недефинирана форма.Доближувањето до стилот на Блер е полесно одошто секој од нас мисли. Станува збор за неколку парчиња гардероба, кои секој од нас може да ги набави, а го оцртуваат нејзиниот специфичен стил на облекување.
.
1. Фустани и мини здолништа
Не е тешко да се воочи дека поголемиот дел од времето, Блер го поминува во женствени и елегантни мини здолништа и фустани, кои во студените денови од годината ги комбинира со хулахопки во интересни, густи бои и дезени.Здолништата кои ќе ги изберете нека бидат од квалитетни, тешки материјали, со едноставна кројка и интересни детали, како на пример, каиш со интересен дезен и форма.Блер не носи фармерки, тоа е првото нешто што треба да го промени оној кој сака својот стил да го приближи до нејзиниот.
.
2. Класични парчиња
Бидејќи Блер посетува приватно училиште кое налага носење униформа, многу од нејзините парчиња се така избрани за да се претопат добро во нејзината школска униформа. Тоа може да се бели кошули со женствени машни во црна боја околу јаката, класични здолништа во темно сини нијанси или црни, а понекогаш и класични, тенки вратоврски. Кошулите и блузите се секогаш закопчани до последно копче. За изгледот да биде комплетен, вие би можеле да зачините со детали во јака боја, како интересна панделка која ќе ја врзете околу главата.
3. Јаки бои
На неколку наврати ги спомнавме деталите во јаки бои како одлика на Блер, па вреди да се одвои цел пасус за нив. Без разлика на нејзината комбинација, таа секогаш успева да вметне некое парче кое ќе отскокнува. Неважно е дали станува збор за палто во црвена боја, индиго боја чанта или пак портокалови хулахопки искомбинирани со нејзината класична училишна униформа. Таа го одржува својот изглед свеж со овие јаки бои. Нејзините омилени бои се црвена, портокалова и жолта.
4. Женствени детали
Блер е најженствена од сите девојки со кои се запознавме во серијата. Токму поради тоа, таа обожува да комбинира елегантни парчиња од тантела, еднобојни машни, панделки и набрани материјали.
-
Модните додатоци на Блер
Панделки околу главата и венчиња
Блер своите панделки ги комбинира на секакви можни начини и во сите можни видови и дезени. Сѐ што е потребно е малку имагинација која може многу да го промени вашиот изглед.
Хулахопки
Таа може да биде видена во сите можни бои на хулахопки кои не може да останат незабележливи, од светло црвени, до сиви, бели, кафени и познатите густи црни хулахопки.
Фризурата на Блер
Блер скоро секогаш својата средно долга, кафена коса ја носи пуштена, благо извиткана и со многу волумен. За разлика од витканите прамени на Серина кои делуваат несредено, косата на Блер е секогаш средена и беспрекорна.За дополнителни идеи и инспирација, погледнете ги и останатите слики во галеријата.
Прекрасна ееее!!! И прекрасно се облекува, посакувам и јас да го поседувам нејзиниот гардеробер. Ја обожавам!
Молба до авторот на овие постови од gossip girl.
Ако истиот жар како и за оваа серија ја дели и за серијата Grey’s anatomy, го замолувам да ме усреќи со некој таков во догледно време 😀
Шифра: Grey’s addict 😀