Како да се носи овој летен тренд: Најмодерните шорцеви оваа сезона – Бициклистички
Бициклистичките кои беа популарни во 90-тите години, од пред неколку сезони повторно се актуелизираа од трендсетерката Ким Кардашијан, а од неодамна беа прифатени и од други елегантни жени кои обожуваат да ги носат. Па така, можеме да ги видиме на дами како манекенката Бела Хадид, пејачката Џенифер Лопез, а списокот не застанува тука. Инаку, овој тренд ѝ бил омилен и на принцезата Дајана, чии модни комбинации со нив сè уште се копираат и актуелизираат.
Овие припиени шорцеви, првично наменети, како што покажува и името, за возачите на велосипед, обично имаат должина некаде до над колената и се со висок струк. Најновите модели се многу разновидни.
Бициклистичките, секако, одлично одговараат во комбинација со широки џемпери и патики, но популарни се и со елегантни чевли или сандали со потпетици, за во вечерните часови.
Бициклистичките денеска се сметаат за замена на мини здолништа, но се многу поудобни. Може да ги комбинирате со блузон, машка кошула, јакна или тексас јакна.
Затоа набавете си го вашиот пар бициклистички и бидете креативни бидејќи ова е дефинитивно трендот број еден за летото 2020 година.
Можеби сакате да дознаете и за принтот што се враќа во мода секое лето ќе биде популарен и оваа година.