Како да се изладите без клима уред?

Како да се изладите без клима уред?

Топлите денови веќе пристигнаа, па доколку немате клима уред во домот или пак кога ќе се најдете во викендичка без систем за ладење, можете да го примените овој многу едноставен и евтин, а сепак ефикасен трик.

2-kako-da-se-izladite-bez-klima-ured-kafepauza.mk

Потребно ви е:
  • Еден обичен вентилатор
  • 6 шишенца флаширана вода
  • 12-18 лажички сол

Купете 6 шишиња вода од продавница. Во секое од нив ставете по 2-3 лажици сол, затворете ги со капачињата и ставете ги во фрижидер за длабоко преку ноќ. Наредното утро извадете ги шишињата од ладилникот, ставете ги на послужавник и поставете ги пред вентилаторот. Вклучете го вентилаторот и уживајте во пријатната температура.

Доколку сакате да го повторите ова наредниот ден, вечерта повторно приберете ги шишињата во ладилникот и оставете ги преку ноќ. Едноставно, нели!?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар