Како да се изборите со секој страв кој го имате во себе?
Рускиот психолог Александар Свијаш дава многу ефикасен совет благодарение на кој брзо и лесно можете да го победите секој страв кој ќе ви се појави. Постапката се состои од 3 фази.
Прва фаза:
Кога ќе почувствувате страв, веднаш намерно и претерано исплашете се уште повеќе, колку што можете. Дозволете си да почнете да треперите, да почувствувате дека косата ви се ежи на главата итн.
Втора фаза:
Потоа направете еден чекор настрана и во умот видете се себеси – од страна. Предајте ѝ се на својата имагинација. Посматрајте се себеси како бедна, бледа личност со оџарени очи, како ви трепери телото, како од лицето ви се разлева ледена пот и се слева како река на подот, како тропате со забите, ви се подига косата на главата, како се обидувате да се сокриете под покривачот или да побегнете.
Трета фаза:
Тоа ќе ви стане многу смешно и ќе почнете да се смеете. Слатко ќе си се насмеете на самите себе. Додека се смеете, стравот ќе исчезне. Ќе се смирите сосема, бидејќи смеењето го поништува стравот. Она што ви е смешно никогаш не може да ви биде страшно.
Ова е многу едноставна, повеќепати испробана техника која дава одлични резултати. Кога следниот пат ќе ве фати паника или страв, испробајте ја оваа вежба. Дефинитивно помага.