Како да се грижите за постарите родители, а да не заборавите на себе?
Стареењето е природен дел од животниот циклус. Но, тоа не значи дека лесно го прифаќаме стареењето на родителите и другите членови на семејството. Грижата за постарите и немоќните членови на семејството е наша морална должност.
Кај постарите луѓе изолацијата може да предизвика депресија и повлекување, а истражувањата покажале дека и најмалото внимание може да им ја подобри состојбата. Сепак, понекогаш, колку и да сакате да помогнете, се чувствувате немоќно. Погледнете како да се грижите за вашите родители без притоа да заборавите на себе.
1. Признајте си дека работите се промениле
Навистина е болно кога ќе сфатите дека вашите родители, кои некогаш биле здрави и силни, повеќе не можат да се грижат за себе. Помирете се со фактот дека сега им е потребна вашата помош и фокусирајте се на тоа како да им ја пружите.
2. Пристапете им внимателно
Важно е како ќе им пристапувате на постарите личности бидејќи не сакате да создавате непотребна напнатост во вашиот однос. Тие веќе не се во својата младост и за некои работи им е потребно подолго време. Вооружете се со трпеливост.
3. Не очекувајте емотивен однос
Многу често, кога луѓето стареат, стануваат почувствителни, а ова резултира со отворено искажување на емоциите. Но, може да се случи и спротивното, односно тие целосно да се затворат во себе.
4. Очекувајте лутење
Немоќта кај старите резултира со покажување гнев или негодување. Во нив се раѓа чувство на губење на авторитетот кои го всадиле во нас додека нè растеле.
5. Не им ја ограничувајте слободата
Многу е важно постарите да чувствуваат дека нивниот живот е во нивни раце. Ако е можно, дозволете им сами да донесуваат одлуки.
6. Прашајте ги за мислење
Одличен начин да покажете почит и љубов е да побарате совет од постарите кои поминале низ школата на животот.
7. Разликувајте емоционална од когнитивна нефункционалност
Когнитивните нарушувања вклучуваат деменција и депресија. Лошото расположение, проблемите со спиењето и недостатокот од интерес за работи кои им причинувале задоволство се само некои од новите состојби кои се последица на староста.
8. Побарајте стручна помош
Понекогаш не е возможно самите да се грижите за вашите родители. Па, слободно побарајте помош од лекар, медицинска сестра, негувателка или физиотерапевт.
9. Не одбивајте ја поддршката од семејството и пријателите
Сите ние сме луѓе и имаме свои слабости и периоди кога животот ни е тежок. Токму затоа овде се пријателите и семејството кои нè поддржуваат во овие моменти.
10. Не земајте си сè при срце
Неспособноста за грижа за себе кај постарите често може да резултира со бес. Па, подгответе се за некои испади кои сигурно немаат никаква врска со вас.
11. Подгответе се за неудобни разговори за наследство
Една од најтешките работи која може да ви се случи е да разговарате со родителите за наследување на имотот. Најдете трпение и бидете свесни дека некои луѓе ги мотивира само личната корист. Поради ова немојте да се изненадите ако разговорот почне да станува непријатен.
12. Мислете на себе
Грижејќи се за другите, често забораваме на себе. Одвојте време за кратка прошетка, релаксирачка купка или кафе. Потребно е да си ги наполните батериите и да се одморите.
13. Доверете ѝ се на некоја блиска личност
Сестра, брат, сопруг или пријател, не е важно со кого ќе разговарате, но важно е да го направите тоа. Оваа поддршка ќе ви помогне да продолжите понатаму.
14. Не заборавајте на забавата
Овозможете им малку забава на постарите членови од семејството за да заборават на нивната состојба. Гледајте стари филмови или фотографии, или едноставно присетувајте се на сите моменти кои сте ги споделиле.
15. Најдете утеха во медитација или молитва
Понекогаш е потребно духовно да се ослободите од негативноста и чувството на неуспех, а медитацијата или молитвата можат многу да ви помогнат во тоа.