Како да се чувствувате поздраво за точно 30 дена?

Како да се чувствувате поздраво за точно 30 дена?

Дојде пролетта и сега е вистинското време за мини и здраво „ресетирање“ на вашиот организам. Овие 30 кратки совети ќе ви помогнат да се вратите на здравата патека за само еден месец.

1-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 1: Испијте чаша вода веднаш откако ќе се разбудите

Да, пред да испиете кафе. Според студијата направена од страна на Универзитетот во Северна Каролина, чаша вода (особено топла) помага во стимулирањето на вашиот дигестивен систем, па вашето тело ќе може подобро да ги апсорбира хранливите материи и да ѝ помогне на храната полесно да се движи низ вашиот систем.

Ден 2: Потоа продолжете да ја пиете во текот на целиот ден

Ова е најдобрата работа што можете да ја направите за вашето здравје. Водата помага во одржувањето на чистата кожа, но и ја подига вашата енергија. Исто така, водата ќе го забрза вашиот метаболизам.

Ден 3: Добивате бонус поени доколку додадете свежо исцеден лимонов сок

Истискајте малку лимонов сок во вашата вода и ќе добиете напивка која ќе го заштити вашиот имунолошки систем, но и ќе ви помогне да изгубите неколку килограми. Дупла победа за вас!

2-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 4: Избирајте производи што содржат висок процент вода

Лубеницата, краставицата и ананасот содржат висок процент вода, па тие имаат ист ефект како и самото консумирање вода. Исто така, тие ќе ви овозможат да се чувствувате сито и задоволно подолго време од вреќичката чипс.

Ден 5: Не го прескокнувајте појадокот

Разбираме дека понекогаш морате со брзање да го напуштите домот, но според истражувањето од страна на Универзитетот Колумбија, прескокнувањето на најважниот утрински оброк може да го зголеми ризикот за срцеви заболувања, дијабетес и дебелеење. Па, станете порано и појадувајте.

Ден 6: Излезете надвор за време на паузата за ручек

Да, самото излегување на свеж воздух, барем околу 20-тина минути или помалку, е доволно да го подобри вашето расположение и да го намали стресот. Тоа е докажано и од истражувањето кое било спроведено на Универзитетот Стенфорд.

3-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 7: Или уште подобро, јадете надвор со пријател или колега

Директните средби со пријателите или колегите кои имаат пауза за ручек во исто време како вас, може да го подигне нивото на окситоцин, познат како хормонот на среќата. Стресот го блокира окситоцинот, додека среќата и добрите разговори го ослободуваат.

Ден 8: Одвојте време за да ги испланирате оброците

Само вие, Гугл и тајмер поставен на 20 минути. Тоа е доволно за да ги зачувате сите рецепти кои сакате да ги направите. Правете го ова секоја недела пред да заминете во маркетот на пазарење и со тоа ќе ги скратите калориите. Првиот начин е тоа што ќе започнете да готвите повеќе, а вториот е тоа што ќе станите посвесни за вашата исхрана.

Ден 9: Заменете ги алкохолните собири за вежбање со пријател

Јога сесија со близок пријател може да биде подеднакво забавна и релаксирачка како и излегување во клуб, пиење вино и танцување.

4-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 10: Изгледајте комедија

Едно гледање на филмот „Деверици“ (Bridesmaids) ќе ви помогне да согорите 150 калории. Смеењето согорува помеѓу 10 и 40 калории за 10 минути.

Ден 11: Користете корпа за пазарување наместо количка

Ова е многу поефикасно од вашите вежби за трицепс. Ви гарантираме.

Ден 12: И секогаш кога ќе имате можност, изберете ги скалите

Одењето горе-долу неколкупати во текот на денот навистина може да ја зголеми вашата кондиција и белодробниот капацитет.

5-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 13: Направете неколку вежби за време на рекламите

Секако треба да чекате додека поминат рекламите. За тоа време можете да согорите од 10 до 50 калории, а за ТВ серија која трае час и половина, таа бројка навистина може да се зголеми.

Ден 14: Направете си шолја зелен чај

Покрај фактот дека ве чува од разни болести, зелениот чај исто така помага при губењето на несаканите килограми и ве прави поенергични и релаксирани.

Ден 15: Зголемете го внесувањето на зелен лиснат зеленчук

Само затоа што се храните нездраво не значи дека треба да ја преполовите вашата банка со калории. Додека сте на ручек во некој ресторан изберете салата наместо полна чинија пржени компирчиња. Сигурни сме дека цената ќе биде иста.

На последната страница откријте ги преостанатите десет активности кои треба да ги завршите за да го обновите вашиот организам, да го промените вашиот живот и да го подобрите вашето расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар